На повеќето домаќинки, чистењето на рерната сигурно им е една од помалку омилените активности во кујната. Сакате полесен начин на чистење? – Само следете ги нашите едноставни совети и имајте совршено чиста рерна, како нова.

Есента е предизвик за човечкиот имун систем. Се намалува изложеноста на сонце и изборот на храна богата со витамини и минерали е помал. Во овој период најчесто се јавува умор, а се активираат и бактерии и вируси кои предизвикуваат настинки и грип. Прочитајте ги нашите 5 совети за зајакнување на имунитетот во есен.
Сигурно веќе сите во својата кујна имате ќесичка со сода бикарбона која ја користите повремено за приготвување на колачи и палачинки или можеби и за ублажување на симптомите при киселини во желудникот. Но, содата бикарбона може да се користи и за многу други намени, па дури и за подготовка на домашни средства за лична хигиена.
Сигурно веќе многу добро знаете дека зелениот чај е еден од најздравите напитоци кои можете да ги консумирате. Неговата редовна употреба го подобрува целокупното здравје и ја прави кожата блескава и здрава. Меѓутоа, зелениот чај е подеднакво добар и за вашите растенија, домашни миленилиња, а може да биде од огромна помош и во секојдневните куќни обврски. Ви претставуваме 4 практични употреби на зелениот чај кои вреди да ги знаете!
Најчесто кога се приготвува храната за Новогодишните и Божиќните празници многу ретко се помислува на опасностите кои демнат по здравјето. Бидејќи, ретко кој и да е свесен за опасностите кои се кријат во припремата на празничната храна, ние ќе се обидеме да ве предупредиме за дел од ситуациите кои може да бидат потенцијално опасни по здравјето на вашите гости.