зајакнување на имунитетот 1

5 совети за зајакнување на имунитетот во есен

Есента е предизвик за човечкиот имун систем. Се намалува изложеноста на сонце и изборот на храна богата со витамини и минерали е помал. Во овој период најчесто се јавува умор, а се активираат и бактерии и вируси кои предизвикуваат настинки и грип. Прочитајте ги нашите 5 совети за зајакнување на имунитетот во есен.

спирулина во прав 1

Hawaiian Spirulina за намалување на холестеролот и крвниот притисок

Бројот на лица кои страдаат од висок холестерол или крвен притисок на светско ниво е релативно голем. Ваквите здравствени проблеми најчесто се резултат на неправилната исхрана. Затоа е многу важно да внимаваме каква храна консумираме. За спречување на несаканите последици од неправилната исхрана, најдобро е да се зема храна богата со витамини и минерали која помага во намалување на холестеролот и високиот крвен притисок.

трикови за слабеење 1

8 мали трикови за полесно слабеење

Се мачите со вишокот на килограми? Колку и да внимавате на исхраната и физичката активност, сепак не можете да ја намалите телесната маса? – На вистинското место сте. Ние имаме 8 мали трикови за полесно слабеење.

отстранување на дамките од храна 1

7 трикови за лесно отстранување на дамките од храна

Ви се истури вино на омилените фармерки? На новите тапацирани столови има ужасна дамка од кечап, а на вашите алишта имате мрсни флеки од готвењето? – Ви откриваме неколку трикови за лесно отстранување на дамките од храна. Потребни ви се неколку средства за чистење кои сигурно ги имате дома и малку време. Алиштата и домот ќе заблескаат како нови, а дамките ќе исчезнат.

бамја 1

8 причини зошто да консумирате бамја

Обично, кога ќе се спомне здрава храна, бамјата не е првиот зеленчук што ни паѓа на памет. Нејзиниот богат состав кој вклучува многу витамини и минерали, ја прави бамјата исклучително важен зеленчук кој нутриционистите препорачуваат да биде застапен што почесто во исхраната. Зошто е тоа така? – Еве 8 причини да консумирате бамја.

интолеранција на глутен 1

Што може да помогне при интолеранција на глутен?

Имате гасови, надуеност, болки во горниот дел на стомакот, чувство на недоволна испразнетост на цревата, дијареја или запек после консумирање на оброк со житарици? – Можеби станува збор за интолеранција на глутен. Зошто кај некои лица дигестивниот систем не може да го свари глутенот и што може да им помогне, дознајте од текстот кој го подготвивме.

селен извори

Топ 5 здравствени придобивки од селенот за кои не сте слушнале

Продолжуваме да истражуваме! Овој пат одлучивме подобро да се запознаеме со еден важен есенцијален минерал за нашиот организам – селенот. Придобивките од внесувањето на селен во телото се многубројни. Помага за детоксикација, го чува здравјето на срцето, корисен е за регулација на хормоните на тироидната жлезда… Во оваа прилика ве запознаваме со најзначајните 5 придобивки од селенот за кои можеби не сте слушнале. 

камен во бубрег 1

Камен во бубрег – 4 важни препораки од нутриционистите

Околу 10% од луѓето во текот на животот се соочиле со појава на камен во бубрезите. Генетскиот фактор, неправилната исхрана, недоволниот внес на течности се дел од можните причини кои доведуваат до создавање на песок и камчиња во бубрезите. Кај некои луѓе каменот во бубрезите може да настане и до 20-тата година. Еднаш настанатиот камен го зголемува ризикот од појава на нов за најмалку 50%. За превенција на појавата на камен во бубрег многу е важно да знаеме која храна го зголемува ризикот, а која храна се препорачува почесто да се внесува.

путер од бадеми

5 идеи за брзи и вкусни јадења со путер од бадеми

Ем вкусен, ем здрав – путерот од бадеми е вистински избор кога станува збор за брзите слатки задоволства, а сепак да се запази здравјето и да се внимава на линијата. Не знаете како да го искористите во исхраната? – Ви претставуваме 5 идеи за брзи и вкусни јадења со путер од бадеми.

најефикасни чистачи на организмот од токсини 1

6 намирници кои се најефикасни чистачи на организмот од токсини

Кога станува збор за чистење, односно детокосикација на организмот од штетни материи, храната е најдобар лек. Па, ви откриваме 6 намирници кои се најефикасни чистачи на организмот од токсини и отрови!

храна за проширени вени 1

Храна која помага во превенција на проширени вени

Доаѓа лето и време е за летна и лесна облека. Но, за многумина ова претставува проблем поради проширените (варикозни) вени на нозете. Околу 25% од женската и 10% од машката популација се соочуваат со проширени вени, кои се доминантна болест на површинскиот венски систем. Под проширени вени се подразбираат дилатирани и променети површински вени на долните екстремитети. Најчесто болеста е од лесна природа и е безопасна по животот на болниот. Меѓутоа, таа претставува значаен сериозен здравствен и социјален проблем со оглед на последиците до кои може да доведе.

интервју со Бодан 1

Интервју со Бодан Ѓорговски – технолог за квалитет и безбедност на храна

Продолжуваме со рубриката интервју на sezahrana.mk. Овој пат на прашањата одговараше нашиот член Бодан Ѓорговски, технолог за квалитет и безбедност на храна. Бодан во ова интервју ни објасни која е улогата на еден технолог во производството на храна. Ако и вие сакате интервју, пишете ни на info@sezahrana.mk. Станете член на групата на Сѐ за храна и споделете ги вашите уникатни рецепти и искуства.

4 начини да ги надминете проблемите со стомакот при прејадување 1

4 начини да ги надминете проблемите со стомакот при прејадување

Сигурно како многу други, во текот на празниците јадете повеќе храна од вообичаено. Ако и вас после поголемата количина на храна ве мачат проблеми со дигестивниот систем, применете некои од нашите совети кои во голема ќе ви ги олеснат проблемите со стомакот после прејадување.

интересни факти за варењето на храната 1

3 интересни факти за варењето на храната

Секој од нас понекогаш сака да прочита нешто занимливо со кое ќе се опушти, а сепак да има и некои корисни информации. Баш за таква цел, ви ја припремивме оваа содржина во која може да прочитате неколку интересни факти за варењето на храната.

тинитус

Што може да помогне при тинитус – зуење во ушите?

Тинитус или зуењето во ушите иако само по себе не е болест, претставува многу непријатна појава. Може да се појави во облик на ѕвонење, бранување, свирење, шуштење, брмчење или ѕунење, да биде тивко или гласно. Овие звуци може да се слушаат повремено или постојано и со различна гласност. Честопати се засилуваат кога ќе стивне надворешната врева, а тоа е најзабележително кога ноќе се обидувате да заспиете во тивка соба. Медицината досега не нашла лек за оваа појава, но за среќа постојат некои природни средства со кои може да се ублажи.