Чиа маслото е моќен антиоксиданс и го заштитува телото од оксидативен стрес. И сето ова го добивате само со една лажица на масло од чиа семе, но доколку истото е добиено со ладно цедење. Во продолжение дознајте нешто повеќе за ова масло.

Време е за највкусната зимница, без конзерванси и приготвена со ладно цедено масло. А што има поздраво од вкусното цвекло кое изобилува со хранливи состојки и е познат сојузник на крвта? – Инспирирани од рецептот на нашата пријателка Даниела, приготвивме салата од цвекло во тегли, но овој пат со ладно цедено сончогледово масло од Фила.
Секојдневен ритуал на секоја жена при излегување, одење на работа или средба со пријателите е нанесувањето на шминка. Следејќи ги светските трендови, можеме да кажеме дека природната козметика е многу поактуелна и тоа со право. Инспирирани од тоа, ве запознаваме со природните масла кои ја негуваат кожата и одлично ја отстрануваат шминката.
Лененото семе е состојка која е добро да ја имате во кујната и на менито, а со постапка на ладно цедење од него се добива корисното масло од лен. Лененото семе и маслото од него, се идеални за отстранување на мастите и токсините од телото, го подобруваат метаболизмот, го намалуваат нивото на шеќер во крвта, го регулираат апетитот и одлични се за здравјето на кардиоваскуларниот систем.
Со повремена или редовна консумација на ладно цедено масло од горка кајсија може да го израдувате телото на повеќе начини. Тоа е светло жолто масло со карактеристичен мирис и вкус. Наменето е во главно за пиење и поседува богати биолошки карактеристики, а може да се нанесува и надворешно. Подолу во текстот ви откриваме повеќе информации.
Поради неговите хранливи состојки и нутритивни вредности, ладно цеденото масло од репка го препорачуваат сите нутриционисти. Има големата содржина на витамин Е – до 45 милиграми во 100 грама производ. А, одлично е и што ги содржи во поголема мера и омега-3, 6 и 9 есенцијалните масни киселини кои му се неопходни на организмот, затоа што самиот не може да ги синтетизира.
Штом се спомене тиква, сигурно ве асоцира на есен и вкусни пити. Но, откако ќе го прочитате овој текст ќе знаете дека тиквата и нејзините семки може да ви помогнат за добро здравје преку целата година, а подолу ќе дознаете како! Ладно цеденото масло од тиква е многу корисно за организмот, па треба секогаш да ви биде при рака. Богато е со триптофан, незаситени масни киселини и многу антиоксиданси, што го прават супер храна за мажи и жени. А, кога маслото се добива со постапка на ладно цедење, неговите придобивки се бескрајни.
Во последно време многу се пишува за чиа семето, но мал број на луѓе знаат за придобивките од ладно цеденото масло од чиа кое е новитет на нашиот пазар. Затоа, истражувавме повеќе на оваа тема, па време е сите да се запознаеме зошто е корисно ладно цеденото масло од чиа, кои се придобивките за здравјето и како се употребува.
Со природните масла можете да третирате голем број проблематични состојби на кожата, од акни, па до бори. Негата на лицето може да биде забавна активност дома, а убавината во природното, големо уживање. Знаете ли дека домашната нега со ладно цедено сусамово масло е корисна за неутрализација на слободните радикали, а и за нега на кожата? Еве како е тоа можно!
Користите ли ладно цедено масло? Во маркетите и продавниците за здрава храна веќе неколку години може да се најде ладно цедено сончогледово масло, кое ние го користиме подолго време, па решивме да истражиме повеќе за него и да дознаеме кои се здравствените придобивки од консумацијата и како може да се употребува.
Купувањето на чисто маслиново масло е важно, било да го користите во исхраната или за нега на вашата кожа и коса. Маслиновото масло е најздравиот додаток во салатите, па најчесто се препорачува да го користите во комбинација со свежа храна, на пример во салати, а помалку да се употребува за припрема на јадење.