Д-р Нела советува: Симптоми при недостаток на калциум и растителни извори

Калциумот е минерал во човековиот организам одговорен за многу процеси кои го одржуваат здравјето на организмот. Негова примарна улога е градење и одржување на скелетот и забите. Придонесува за здравјето на нервниот систем и мускулите и за апсорпција на железото и витаминот Б12. Имајќи ја во предвид важноста на калцимот, поразговаравме со Д-р Нела на оваа тема. Таа ни открива кои се симптомите при недостаток на калциум и која храна од растително потекло е богата со овој минерал.