Имунитетот е тој кој е заслужен за заштита од заболувања. Некои луѓе се разболуваат веднаш штом малку им застуди, додека други се многу поиздржливи. Речиси и да нема човек кој во некој период од животот не се соочил со проблеми предизвикани од ослабен имунитет. Токму затоа, на сите треба да ни е императив да постигнеме подобар имунитет, затоа што веројатноста да останеме здрави што подолго само така е поголема.
