зошто настануваат брчките

Зошто настануваат брчките и како да ги отстраните?

Сигурно знаете дека како што одминуваат годините, брчките стануваат се повидливи. Но, дали се имате запрашано зошто настануваат брчките и како може да ги отстраните? Почнувајќи отприлика на 25 годишна возраст од животот, на површината на кожата се јавуваат видливи знаци на стареење. Во тие години се успоруваат процесите во кожата, а структурите почнуваат да слабеат. Започнува да се менува количината на супстанции кои ја затегнуваат кожата и ја прават мека. Ова е последица од комбинацијата на внатрешни процеси на стареење на организмот и влијанието на надворешните фактори.