На ваше и наше задоволство, пред неколку дена го одржавме кулинарското шоу „15 минути“ во кое за 15 минути Катерина Шамбевска Спасеновска и Марија Кочовска од нашиот тим ви презентираа како да си подготвите превкусен и брз чоколаден мус во чаши. Се дружевме, поразговараме и разменавме идеи за повеќе брзи испробани рецепти. Дел од вас посакаа рецептот да го ставиме на sezahrana.mk и да остане во богатата архива на испробани и препорачани рецепти. Па, драги читатели ве потсетуваме на рецептот и првата епизода на подолу прикажаното видео.
