Убавината може да има и вкус! Природната козметика поседува многу предности, овозможува сигурност во квалитетот и големо уживање во сопствениот производ. Па, пробајте направете си сами чоколаден сјај за усни!

Избирањето на состојките кои ги внесуваме во нашиот организам отсекогаш било важно. За да може телото да функционира нормално и да троши енергија, треба и да ја внеси. Бидејќи здравата, природна и урамнотежена исхрана е услов за добро здравје и виталност, ви предлагаме да го пробате нашиот рецепт за чоколаден мус со какао кој како заменски оброк ќе биде добредојден на вашиот организам.
Со затоплувањето на времето сите сме во очекување на летното расположение, одмор, долги вечери покрај море, планина или во зелените паркови. Гледано од кулинарски аспект, летото е синоним за освежителниот сладолед кој сите го обожаваат. И ние сакаме сладолед, па затоа ви претставуваме здрава варијанта на чоколаден сладолед, кој се прави од кокосово млеко, банана, какао и портокал, по рецепт од нашата пријателка Диана.
Прекрасниот браун колач го направи нашата пријателка од блогот Trydiani од Бугарија, а ние не можевме да му одолееме и со големо воодушевување го споделуваме со вас. Одлично се вклопува со шолја утринско кафе, како десерт после лесна вечера, а исто така може да ви послужи како фантастична викенд идеја за заблажување. Погледнете како може да го направите.