Ако сакаш слатко и здраво да го започниш денот, испробај го овој рецепт за чоколадна овесна каша. Се прави за 10-тина минути, има фантастичен вкус, а најдобро од сѐ е тоа што е богата со хранливи состојки, раститителни влакна, минерали и витамини.

„Вселувањето е пригода при која обичај е во домот да има погача, па ви приготвив нешто специјално во мојата кујна – чоколадна слатка погача која ќе ги освои домашните и гостите, сите кои ќе ја пробаат! И не само за тоа, за разни прослави, свечености и радосни моменти, ве охрабрувам да ја пробате, сигурна сум дека ќе си го запишете рецептот!“ – вели Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим, која ja направи прекрасната чоколадна погача.
Совршен спој на чоколадо и вкусен мармалад од кајсии преточени во слатко уживање наречено Захер торта. Овој познат виенски десерт ќе ве освои уште на првиот залак. Па, доколку сте љубители на десерти, топло ви препорачуваме да ја пробате највкусната чоколадна Захер торта и да се препуштите на слаткото уживање на сите сетила.
Дали ви се верува дека може да ја направите оваа убава велигденска „зајко“ торта и тоа без печење? Да, баш така. Лесно ќе може да направите совршена и вкусна торта за велигденските празници! Овој пат инспирација ни беа производите од Vincinni, Сончева долина и Натура. Си набавивме убава кошничка со производи и го прифативме овој интересен предизвик. Па, за да ви ја олесниме подготовката ќе ви кажаме подетално кои производи ги користевме, а сите чекори ви ги прикажуваме преку фотографии.
Панакота е класичен италијански десерт кој е популарен ширум светот. Има богат вкус и нежна структура, а за да го направите потребни ви се само 15-ина минути. Најчесто може да се најде со ванила вкус, послужена со овошје, а сега имате можност да пробате чоколадна панакота приготвена со слатка павлака и млечно чоколадо, по супер рецепт од кујната на Невена.