Кој е за вкусни печени чоколадни крофни? – Децата ги обожаваат, но и возрасните подеднакво им се радуваат. Совршени за детски родендени и забави. Се јадат во еден здив, па ќе ги снема за час.

Велигденската слатка магија е насекаде околу нас! На детската радост и нема крај со најдобрите и испробани рецепти од кујната на Сѐ за храна. Празниците разубавете ги и направете слатко катче со брзи и едноставни рецепти. Доволни ви се само 5 минути за подготовка на велигденските чоколадни гнезда кои се рецепт број 1 за овие празници.
Крцкави, солени и вкусни – пуканките претставуваат најдобра опција за грицки кои совршено се вкопуваат при гледање на омилената серија, фудбалски натпревари и детски забави. Доколку сакате промена и малку да експериментирате во кујната, може да го збогатите вкусот и да приготвите пуканки на 5 различни начини. Прочитајте ги нашите предлози и изберете го вашиот омилен вкус.
Имаме чоко фрути предизвик за сите генерации! – Идеална комбинација на чоколадо, портокал и лешници, која секој може да ја направи и тоа само со четири состојки. Време е за споделување на љубов, насмевки и слатки приказни. За празникот на љубовта и виното пригответе чоко фрути колачиња и прославете со саканите.
Ако ви се јаде нешто благо или сакате да подготвите вкусен десерт за пријателите, ви предлагаме да ги пробате чоколадните бомбици со орео колачиња и крем сирење. Вака направените бомбици се многу популарни ширум светот, па затоа го преработивме рецептот. Овие чоколадни орео бомбици се неодоливо кремасти, а истовремено и крцкави поради орео бисквитите. Совршени се и за претстојниве празници, бидејќи се прават многу брзо, а се многу вкусни и декоративни.
Здравите и вкусни десерти се секогаш пријатна тема и инспирација за да ги објавиме, а на нашите пријатели и соработници кои споделуваат убави идеи, им упатуваме големо благодарам! Така, во оваа прилика споделуваме рецепт за здрави чоколадни плочки од кујната на Катерина. Испробани ни се и многу вкусни, а одлични се и за носење со себе на работа или на излет.