летна крем салата со шарена сол

Летна крем салата со шарена сол

Брза, кремаста и вкусна! Летото е идеално за брзи рецепти и дружење со пријателите. А штом ви се најават гости, почестете ги со летната крем салата со шарена сол. Потребни ќе ви бидат 10-тина минути за подготовка, а резултатот ќе ве воодушеви. Најдобро од се е тоа што секој може да ја направи без разлика на кулинарските вештини.

шарена сол и употреба

Што е шарена сол и во кои јадења може да се вклучи?

Шарена сол е традиционален зачин кој е карактеристичен за македонската и бугарската кујна. Интересна е и недоволно позната и испробана од сите нас, па ни беше инспирација за малку да ја проучиме и да споделиме некои интересни информации и насоки.