„Крцкаво, превкусно! Ова мора да го испробаш во прва прилика. Потпечен ѓеврек, премачкан со ајвар, парчиња биено сирење и јајце кое малку се разлева. Македонската традиционална кујна ја доловив на тренди начин, нели?

„Голем број од нас обожаваат да го започнат денот со варен ѓеврек и чаша јогурт, а секако најлесно е да ги набавиме од маалската продавница во соседството или најблиската пекара до нашето работно место. Ви припремив рецепт кој ќе ви овозможи избор на потврден квалитет за она што го јадете, па ви предлагам да ги пробате и вие моите интегрални домашни ѓевречиња.“ – вели Катерина Шамбевска Спасеновска фудблогер и уредник од нашиот тим.