Доколку сѐ уште не сте се одлучиле што денес да зготвите за ручек, тогаш топло ви препорачуваме да ги пробате вкусните печени ќофтиња со сирење во комбинација со освежителен ѕаѕики сос.

Зазики е сос кој карактеристично се приготвува во Балканските земји. Најчесто се служи со месо припремено на скара или како сос. Зазики сосот традиционално се припрема со овчо или козјо кисело млеко, помешано со краставици, лук, сол, маслиново масло, сок од лимон или црвена винска киселина, зачинет со копар, магдонос или нане.