5 брзи рецепти со јагоди

Кој обожава јагоди? А кој не може да одолее на вкусните и брзи рецепти со јагоди? Ви припремивме супер водич за 5 брзи рецепти со јагоди. Генерално направени со бисквити, слатка павлака и јагоди, и тоа за 10-тина до 15-тина минути. Разгледајте го нашиот избор на проверени рецепти.

Целувки со јагоди и крем

Обожаваме целувки, а кога сме во Крушево не ја пропуштаме шансата да си купиме од овие традиционални колачиња кои се одлика на крушевскиот крај. Истите можат и дома да се приготват по проверен рецепт, но најважно при нивната подготовка е начинот на печење, односно сушење на ниска температура. Во овие пролетни денови можете да се освежите со убавата комбинација на целувки со јагоди и крем од слатката павлака.

Бели мињони со јагоди 1

Бели мињони со јагоди

Не треба секогаш да има некоја посебна причина за да направите нешто убаво и слатко за да ги изненадите вашите сакани. Направете ги овие нежни бели мињони со јагоди, спакувајте ги во убава кутија со машничка и подарете ги на личноста која за вас е посебна. Овој рецепт го најдовме на блогот кај нашата пријателка Лана, а знаеме дека ќе уживате како и во сите други нејзини рецепти!

Пролетна овошна салата со јагоди и цреши 1

Пролетна овошна салата со јагоди и цреши

Започнете го денот со витаминска, пролетна и најубава овошна салата со јагоди и цреши! Пролетта и летото се најубавите годишни времиња кои изобилуваат со различни и сезонски овошки. Затоа искористете го она што ви го нуди природата!

ладен зелен чај

Ладен зелен чај со јагоди

Освежителен и идеален за топлите денови! Можеби кај нас ладните чаеви со различни вкусови не се сѐ уште во тренд, но доколку сте посетиле некоја дестинација можеби сте пробале токму ваков чај. При една наша прошетка, имавме можност да пробаме ладен чај со пире од манго и јагоди, и многу ни се допадна. Така се роди идејата да го направиме овој ладен зелен чај, а бидејќи овој период ги имаме јагодите во изобилство, тие беа наш прв избор.

Смути со банана, јагоди и спирулина

Смути со банана, јагоди и спирулина

Овошно, полно со витамини и минерали! Пробајте го нашиот нов рецепт за смути со банана, јагоди и спирулина, кое е идеално за пролетниот период! Не содржи додаден шеќер, збогатено е со спирулина и чиа, кои го дополнуваат со растителни влакна и протеини, па така се добива супер хранлив оброк.

Срце колачи со крем од бело чоколадо 1

Срце колачи со крем од бело чоколадо

Секој ден може да си го направите посладок со овие симпатични и превкусни срце колачи исполнети со богат слој на крем од бело чоколадо. Без разлика дали имате некаков повод за прославување или не, секој ден е добра прилика  за да и направите на саканата личност прекрасен десерт во облик на срце.

смути со јагоди и банани

Смути со јагоди и банана

Супер појадок или вкусна ужина послужена во чаша! Пробајте нашиот нов рецепт за подготовка на смути со јагоди и банана. Позитивна карактеристика на ова смути е тоа што може да го правите преку целата година затоа што во рецептот се користат замрзнати јагоди. А ако сакате може да го направите и со свежи јагоди, но во тој случај, најдобро е бананата претходно да ја замрзните. Било и како да го направите, веруваме дека ќе биде едно од омилените кое сте го пробале.

Здрав џем од јагоди со чиа семе за 10 минути 1

Здрав џем од јагоди со чиа семе за 10 минути

На пазарите веќе ги донесоа првите јагоди, па се инспириравме да го споделиме со вас овој навистина здрав и вкусен џем од јагоди со чиа семе. Ова е навистина совршен спој на состојки кои гарантираат уживање на сите сетила. Чиа семето му дава совршена текстура, а јагодите пак превкусна арома. И што е најважно, ова е навистина здрава комбинација, па не треба да се плашите дека ќе претерате со јадење. А, ние ви гарантираме дека кога еднаш ќе го пробате, нема да може да се воздржите да го изедите целиот џем.

Бела магија 1

Бела магија

Слатко задоволство кое е направеното со многу труд и љубов. Тортата бела магија стана една од нашите најомилени торти. Затоа, со вас го споделуваме рецептот како да го напрвите овој вкусен десерт.

протеинско смуди 1

Протеинско смуди со јагоди и кокос

Време е за супер освежително смуди кое ќе ве најаде и ќе ви даде енергија за убав почеток на денот! А освен за појадок ова протеинско смуди може да биде и вкусна ужина или напиток кој може да го консумирате пред тренинг.

Смуди со јагоди и ленено масло за забрзување на метаболизмот

Претходно сме пишувале за што е корисно лененото масло, а до нас стигнаа многу пораки за начинот на неговата употреба. Познато е дека ленено масло е еден од најдобрите природни лекови за забрзување на метаболизмот. Затоа ви приготвивме смуди со јагоди, ананас и ленено масло за забрзување на метаболизмот, кое е одличен предлог за појадок или ужина.

Семифредо од јагоди - ладен десерт 1

Семифредо од јагоди – ладен десерт

Летото е време кога може да уживаме во ладните десерти како што е ова семифредо од јагоди! Освежително, вкусно и ароматично за целото семејство. Нашата пријателка Лана има одлични рецепти кои вреди да се пробаат!