Славете ја љубовта секој ден! А нашите автори тоа најдобро знаат да го направат. Креативни се и сакаат да експериментираат во кујната. А Диана, овој пат нѐ изненади со срца крофни.

Во знакот на љубовта лесно декорирајте колачи! Сигурно досега сте се обиделе да изведете некаква декорација на колачи за било каков повод, но некогаш можеби недостасуваат идеи. Погледнете го краткото видео кое ви го предлагаме и откријте различни начини и повеќе идеи кои ќе ја поттиикнат вашата фантазија и креативност!
Малите нешта се најзначајни за голема среќа, знаете нели? Ако си дозволиме да се препуштиме на фантазијата и креативноста, сигурни сме дека секој би се сетил да искаже љубов на свој уникатен начин. Токму затоа, оваа содржина е посебна и наменета да ве поттикни да ја прославите својата љубов на безброј начини и секој ден, а не само на денот кој општествено и традиционално е вреднуван како ден на љубовта и виното!
Се ближи 14 февруари, ден кога некои ќе го слават православниот празник Св. Труфин, некои ќе го слават католичкиот празник на вљубените Св. Валентин, а дел ќе се обидат да направат спој. Ако вие сте од оние што ќе ја слават љубовта и виното, сигурно веќе размислувате за подарок или изненадување за вашиот партнер. Ви предлагаме да направите срца од вино и убаво завиткани да му ги подарите на вашиот сакан.
Срцето е еден од најстарите и најпознатите симболи на нашата планета, покрај крстот и полумесечината како останати познати симболи. Така, доколку ве очекува некоја веселба, свадба, веридба, роденден или пак сакате да ја изненадите саканата личност, ви предлагаме да направите срце од салфетка за секој драг гостин и да уживате во нешто кое со причина бележи предолга традиција.