Време е да пробаме нешто ново и интересно! Кој е за вкусни италијански ќофтиња во доматен сос со парче растопена моцарела во средината? – Како ви звучи првичниот опис?

Пробајте ги нашите вкусни и хранливи ќофтиња од праз и компир! Ќе ви го збогатат менито! А, совршената текстура која ја дава комбинацијата на состојки и неодоливата арома на пржен праз ги прават дури и повкусни од оние со месо. Може да ги послужите како лесен појадок или за ручек со некој посен прилог и салата.
Имаме традиционален рецепт од белоруската кујна за вегетаријански ќофтиња со компири и тиква! Станува збор за ќофтиња кои се познати под името драники, а се приготвуваат со рендани компири, јајца, брашно и кромид, а по желба може да се додадат и други состојки како тиквички, тиква, мелено месо, печурки, сирење…
Вкусот на овие печени ќофтиња од мелено месо, спанаќ и кашкавал е нешто што мора да го доживеете, не е доволно само да ви објасниме, ете толку се добри! Печени, не пржени. А знаете што значи тоа нели? – Освен што подготовка е на поздрав начин, не е потребно да вложите дополнително време за готвењето. Подобро не може да биде. Идејата настана многу спонтано, а резултатот излезе исклучително добар. Веднаш се изедоа сите!