Доколку сѐ уште не сте се одлучиле што денес да зготвите за ручек, тогаш топло ви препорачуваме да ги пробате вкусните печени ќофтиња со сирење во комбинација со освежителен ѕаѕики сос.

Имаме традиционален рецепт од белоруската кујна за вегетаријански ќофтиња со компири и тиква! Станува збор за ќофтиња кои се познати под името драники, а се приготвуваат со рендани компири, јајца, брашно и кромид, а по желба може да се додадат и други состојки како тиквички, тиква, мелено месо, печурки, сирење…
Вкусот на овие печени ќофтиња од мелено месо, спанаќ и кашкавал е нешто што мора да го доживеете, не е доволно само да ви објасниме, ете толку се добри! Печени, не пржени. А знаете што значи тоа нели? – Освен што подготовка е на поздрав начин, не е потребно да вложите дополнително време за готвењето. Подобро не може да биде. Идејата настана многу спонтано, а резултатот излезе исклучително добар. Веднаш се изедоа сите!
Тиквичките се нискокалорични, богати се со растителни влакна и се препорачуваат при диети, за исхрана на лица кои имаат проблеми со кардиоваскуларниот систем и дијабетес. Имаат одличен вкус и цена, а лесно се достапни во поголемиот дел од годината, па ви нудиме повеќе вкусни рецепти за ќофтиња со тиквичка.
Пилешките крокети ни се едни од омилените залчиња, а супер се вклопуваат за ручек со салата или за мезе со пријателите. Популарни се насекаде и често може да се најдат во менито на рестораните. Па, сега можеме да ги направиме и дома. Лана на нејзиниот блог Kuhinjica Mignone го сподели рецептот за пилешки крокети со бешамел сос.
Со доаѓањето на пролетта се буди природата. Токму од неа може да се искористат најлековитите храни како што е копривата. Можеби досега копривата ја користевте за пити или чорба, а сега имаме нов рецепт. На предлог на нашата Диана, го споделуваме рецептот за посни ќофтиња со киноа, компири и коприва.