сутлијаш со интегрален ориз

Нискокалоричен сутлијаш со интегрален ориз

Знаете ли дека може да уживате во омилениот сутлијаш без притоа да водите сметка за калориите и здравјето? Имаме нов супер рецепт за сутлијаш со интегрален ориз, приготвен во нашата кујна и тоа со голема љубов за сите љубители на десерти кои сакаат да ги намалат килограмите, активно вежбаат или водат сметка за начинот на исхрана.

Хранлив оброк во чаша со SLC шејк од чоколадо 1

Хранлив оброк во чаша со SLC шејк од чоколадо

Хранливо, вкусно и чоколадно, а надополнето со неодоливата арома на бананата. Вкусна сензација за убави утра полни со енергија и расположение! Потребни ви се помалку од 5 минути за да си направите совршен оброк во чаша со SLC шејк од чоколадо.

Чоколаден мус со SLC Meal Replacement 1

Чоколаден мус со SLC Meal Replacement од чоколадо – хранлив заменски оброк

Избирањето на состојките кои ги внесуваме во нашиот организам отсекогаш било важно. За да може телото да функционира нормално и да троши енергија, треба и да ја внеси. Бидејќи здравата, природна и урамнотежена исхрана е услов за добро здравје и виталност, ви предлагаме да го пробате рецептот на нашите пријатели SlimLine Club, за чоколаден мус со SLC Meal Replacement шејк од чоколадо кој како заменски оброк ќе биде добредојден на вашиот организам.

Чоколадно смуди со банана од кое ќе бидете сити подолго време

Комбинацијата од чоколадо и банана е една од омилените и многумина не можат да и одолеат. Па, на предлог од нашите пријатели SlimLine Club споделуваме рецепт за чоколадно смуди со банана од кое ќе бидете сити подолго време.

Палачинки во форма на срце 11

Палачинки во форма на срце со SlC Meal Replacement Strawberry

Верувајте дека ни приближно не можете да претпоставите колку им е добар вкусот на нашите палачинки во форма на срце! Ги направивме со многу внимание и тоа по повод празникот на љубовта, па не случајно формата е во вид на срце. Меки се и воздушести, неодоливо ароматични. Што и да ви кажеме малку е, ќе знаете само ако ги направите и самите. Топло препорачуваме да ги пробате.

Рецепт за Vanilla Latte кафе со SLC Meal Replacement Vanilla 1

Рецепт за Vanilla Latte кафе со SLC Meal Replacement Vanilla

Специјално за обожавателите на кафе и неговите безбројни варијации! Ако сте во потрага по најдобар начин како да го започнете денот, имаме супер предлог, а тоа е Vanilla Latte кафе со SLC Meal Replacement Vanilla. Што значи ова? Значи супер вкусен пијалок за витка фигура и кафе кое топи калории!