Viola рецепт: Сладок компир со спанаќ и грав 1

Сладок компир со спанаќ и грав

Специјално за сите љубители на убавата храна и здравиот изглед на телото, специјално креиравме хранлив вегетаријански рецепт за сладок компир со спанаќ и грав, кој слободно може да го јадите како главно јадење. Се подготвува доста лесно, а исто така не одзема многу време.

Посен празничен леб со рузмарин и ленено семе

Посен празничен леб со рузмарин и ленено семе

Од овој рецепт излегуваат две векни посен празничен леб со рузмарин и ленено семе. Многу е декоративен, а има и богат вкус кој многу ќе го обожавате. Вештата и умешна Даниела е заслужна за прекрасниов празничен леб, затоа од срце и заблагодаруваме и со задоволство го споделуваме со вас!

Печен спанаќ со јајца и суви пиперки

Печен спанаќ со јајца и суви пиперки

Уредничкиот тим на sezahrana.mk повеќе пати го има пробано овој вкус и искрено, многу ни се допаѓа! Благодарение на Невена, сега имаме и убаво објаснет рецепт за печен спанаќ со јајца и суви пиперки, со прекрасна фотографија која кажува многу. Бидејќи и таа ни потврди дека комбинацијата на овие намирници неа лично многу и се допаѓа, знаевме дека е вистинско време да ја споделиме со сите вас и како што вели Невена, посебно задоволни ќе бидат љубителите на спанаќ.

посен мазник со спанаќ

Рецепт за посен мазник со спанаќ

Вкусен, вегетаријански предлог за посен мазник со спанаќ кој сигурно ќе ви се допадне и вам. Во некои краеви на Македонија, овој месен специјалитет е познат како мазник, тегната пита, а може да се сретне и како колпите.

Солена торта со спанаќ и изварка без глутен

Многумина велат: „Здравјето е најважно“, а и ние се сложуваме со нив. Затоа постојано сме во потрага на вкусни и здрави рецепти, со лесно достапни состојки кои може да ги припреми секој без разлика на кулинарското искуство.

сончоглед погача со спанаќ и сирење 1

Сончоглед погача со спанаќ и сирење

Ако мислите дека е тешко да се направи декоративна, а истовремено многу вкусна погача со фил од спанаќ и сирење, ќе ви кажеме дека сега го имате вистинскиот рецепт и одлично видео кое ќе го презентира начиниот на изработка.  

полжавчиња од готови кори

Полжавчиња од готови кори со спанаќ и сирење

Скоро и да нема таква домаќинка која не сака да направи нешто вкусно за многу кратко време, па токму за тоа зборуваме пријатели! Кога ќе го прочитате рецептов за полжавчиња од готови кори со спанаќ и сирење, ќе знаете дека многу лесно и за навистина кратко време ќе имате супер закуска за сите домашни дегустатори или гости.

Солен ролат со спанаќ и сирење

Солен ролат со спанаќ и сирење

Ако имате прослава која наближува, било каква свеченост, роденден или едноставно сакате да имате пријатна глетка која се дегустира, нашиот предлог за солен ролат со спанаќ и сирење е вистинска добитна комбинација!

Посни макарони со спанаќ

Овој рецепт е совршен за секоја сезона. Лесен вкус на посни макарони со чувство на свежина и здрави материи од спанаќот. Пробајте го овој фантастичен рецепт. Можете да го подготвите како лесна вечера за целото семејство или пак како омилен оброк за време на постење. Избраните додадени зачини формираат посебен „шмек“ од сензации кои оставаат впечаток на сетилото за вкус.

ролат со спанаќ

Солен ролат од спанаќ

Нашата драга пријателка Лана и овој пат ни приреди пријатно изненадување! Прекрасниот солен ролат од спанаќ го најдовме на нејзината страница Kuhinjica Mignone. Рецептот е одлично опишан, па многу лесно ќе може да го направи секој кој обожава убави нешта. Што друго би можеле да речиме, освен вкусно и симпатично предјадење кое ќе ве натера да го пробате веднаш штом го здогледате!