Дали знаете дека кујнскиот прибор кој секојдневно го користиме има рок на траење? Постојат добри причини зошто треба да ги менувате дрвените лажици, силонските шпатули и другиот прибор со тек на времето. Денес ќе ви откриеме кој прибор смее да се чува подолго време.
Дрвени лажици
Иако се направени од дрво и мислите дека немаат рок на траење, дрвените лажици треба да се менуваат на секои 5 години или штом се појават пукнатини, ја променат бојата или дрвото ако омекне на некои делови. Храната која може да падне во пукнатините може да биде извор на штетни бактерии, па затоа бидете внимателни.

Силиконски шпатули
Кога станува збор за силиконските шпатули доколку не се оштетени би требало да ги заменувате со нови на секои две години. Но, ако се изгребани, скинати, истопени или многу извалкани, заменете ги веднаш без разлика колку време сте ги користеле.
Ножеви за чистење на зеленчук
По правило на секои две години треба да купувате ножеви за чистење на зеленчук, но доколку ножот рѓосал и повеќе не може да го наострите, заменете го веднаш. Рокот на траење на ножевите може да се продолжи ако ги острите редовно, еднаш во текот на неделата.
Тефлонски тави
Ако користите тефлонски тави, менувајте ги на секои 2 до 3 години. А штом се појават првите гребнатини или кајганата почнува да се лепи, тоа е знак дека е време да купите нова тава. Тавата ќе остане подолго време во добра состојба ако врз неа не ставете друг прибор.
Пластични даски за сечкање на храната
Прво и основно треба да знаете дека во кујната секогаш треба да имате две даски. Едната нека ви служи за сечкање на зеленчук, а другата за месо за да не дојде до накрсна контаминација. Пластичните даски менувајте ги на секои три години или штом се појават длабоки резови од ножевите, во кои може да се развиваат бактерии. Даските секој ден дезинфицирајте ги со киселина или сода бикарбона.
Блендер
Не се плашете, блендерот не мора да го менувате по правило. Но ако ви паднал, во внатрешноста има оштетени делови, или од него се чувствува чуден и непријатен мирис, време е да купите нов. Важно е блендерот да го одржувате, редовно да го чистите за да трае подолго време.
Ви предлагаме да прочитате: Чисти дрвени лажици со 6 состојки од кујната.