Правила за употреба

Сѐ за храна е специјализиран онлајн медиум на кој може да најдете рецепти, совети за здравјето, кујнски трикови, едукативни содржини за здравата храна, направи сам – проекти и сè останато за храната на едно место.

Со самата посета на овој портал, вие без никакви ограничувања, се согласувате со условите на користење, со тоа што на уредниците на sezahrana.mk им отстапувате целосни права да ги менуваат условите.

Ве молиме навремено да се запознаете со овие правила за употреба и услови. Со читање на правилата и условите, ќе сметаме дека сте во целост запознаени со нив и ги прифаќате. Доколку не се согласувате со правилата и условите, ве молиме да не го користите порталот.

За сите дополнителни прашања и приговори поврзани со правилата и условите, контактирајте ја редакцијата на info@sezahrana.mk

Содржина

Советите, рецептите и другите едукативни содржини се наменети за ваша лична употреба и ви се достапни во секое време.

Sezahrana.mk е портал кој не презема содржини од други македонски сајтови, но користи содржини од странски сајтови во рамки на условите за Праведна употреба.

Sezahrana.mk се оградува од одговорност за:

  • било каква штета која корисниците ќе ја предизвикаат или претрпат при користењето на порталот, а е резултат на злоупотреба, уништување или оштетување на содржините или функционалноста на порталот;
  • било каква штета настаната од рекламните содржини објавени на порталот;
  • било каква штета настаната со употреба на производите или услугите објавени во рекламните содржини;
  • вистинитоста и точноста на податоците објавени во рекламните содржини, како и достапноста на рекламираните производи и услуги;
  • било каква штета настаната со користење на веб-страниците достапни преку линкови објавени на порталот;
  • вистинитоста и точноста на податоците објавени во содржините преземени од други веб-страници;
  • било каква штета настаната од содржините преземени од други веб-страници.

За подготвување на содржините користиме странска литература и наша цел е на посетителите да им обезбедиме лесен пристап на информации преку широка палета на избрани содржини, новости и трендови од светот, и секако на нашите простори.

Ние не можеме да гарантираме за ефектот кој ќе го постигнете при користењето на рецептите. Тоа зависи од повеќе фактори како што е состојбата на намирниците кои би ги користеле за припрема на рецептите која не сме во можност да ја контролираме, а исто така и вашите кулинарски вештини, искуство, умешност и слично. Доколку имате проблем со одреден тип на храна, при што ви се јавуваат алергии и слично, ве замолуваме прво да се консултирате со доктор и да не ги следите нашите совети, бидејќи ние само даваме „совети“, а не третмани. Поради тоа, sezahrana.mk не може да гарантира за последиците од користење на советите.

Рекламни содржини

На порталот се објавуваат и рекламни содржини. Sezahrana.mk ќе се обиде во најголема мера да не дозволи огласување забрането со закон, огласување кое го повредува човечкото достоинство, огласување кое може да предизвика душевна или друг вид на штета, неетичко огласување, како и огласување кое може да ги доведе во заблуда корисниците на порталот. Објавувањето на рекламните содржини се темели на договорни односи помеѓу издавачот и неговите партнери.

Авторски права

Содржините објавени на порталот на sezahrana.mk се состојат од сопствени содржини како и содржини од партнери/извори/автори кои се користат со нивна дозвола. Содржините на sezahrana.mk се заштитени со Законот за авторски права. Менувањето, позајмувањето, продажбата или дистрибуцијата на таквите содржини се можни само со претходна писмена дозвола од Сѐ за храна или сопствениците на содржините кои sezahrana.mk ги објавува со дозвола од партнерите и други издавачи. Содржините, податоците и информациите објавени на sezahrana.mk може да се користат само за индивидуални потреби на корисниците и на нивна сопствена одговорност со почитување на авторските и сопственичките права и правата на трети лица.

Објавување на наши текстови

Доколку сте сопственик на сајт кој служи за комерцијални цели или пак сте дел од медиум или некој друг проект и сакате да објавите текст претходно објавен на sezahrana.mk треба да ги почитувате следниве услови:

Не е дозволено објавување на целосен текст во медиум, проект или сајт кој служи за комерцијални цели без претходна дозвола од главниот уредник. Во случаи на референца, дозволено е објавување на 20% од текстот при што задолжително мора да се истакне изворот, доколку вашиот медиум е во електронска форма потребно е да обезбедите линк до материјалот на sezahrana.mk.

– Дозволено е користење на 70% од текстот (без фотографии) објавен на sezahrana.mk, а во тој случај потребно е да биде наведено името на порталот во насловот на содржината која се презема. Пример:

Сѐ за храна: Совети за …

Исто така, задолжително мора да се истакне изворот, доколку вашиот медиум е во електронска форма потребно е да обезбедите линк до оригиналната содржина на sezahrana.mk.

– Материјалите и содржините објавени на порталот, со исклучок на рекламните и преземените содржини, се во интелектуална сопственост на издавачот и смеете да ги користите само за лични, некомерцијални потреби. Со користење на порталот поднесувате сопствена одговорност за почитување на авторските и сродните права кои се однесуваат на овие содржини.

Не е дозволено:

Копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Услови за користење на фотографии и видеа

Sezahrana.mk обично објавува фотографии, аудио и видео („Материјал“) како дел од статиите напишани од нашите автори. Видовите материјал кои нашите автори имаат овластување да ги користат на sezahrana.mk вклучуваат:

  • материјал лиценциран од фотографските и видео архиви;
  • материјали доставени до нашите автори или објавени во јавниот домен од одделите за односи со јавноста и маркетинг компаниите за промотивни цели;
  • материјал поднесен од читателите, со напомена дека личноста што го поднела тој материјал ги поседува правата за материјалот и правото да ни го отстапи за користење на нашиот сајт;
  • материјал објавен на сајтови за јавно објавување на фото и видео материјали со лиценца под Creative Commons, во согласност со лиценцата на CC, во секој случај одделно;
  • материјал купен од sezahrana.mk;

Не е дозволено користење на фотографиите објавени на sezahrana.mk, на други портали, печатен материјал и употреба за комерцијални цели.

Во случај на користење на било каква форма од статиите објавени на овoј блог или пак цели статии наменети за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од sezahrana.mk

Користење на RSS каналот

Доколку го користите овој канал, бараме тој да не се модификува на кој било начин.

Ве молиме да не го спојувате RSS каналот во некој друг канал или пак на друг начин да го редистрибуирате преку трет RSS провајдер.

Ве молиме да не додавате содржина, вклучително и реклами или други промотивни содржини, на RSS каналот.

Sezahrana.mk го задржува правото да приговори на вашето претставување на RSS каналот и правото да побара да престанете да го користите истиот, во било кое време. Sezahrana.mk го задржува и правото да го прекине RSS каналот или пак да ја смени содржината или форматирањето, во кој било временски период, без известување. Sezahrana.mk го задржува правото да врши промена на овие услови пред претходна најава.

Ве молиме да ги почитувате правилата и условите за користење на sezahrana.mk

Со почит, тимот на Сѐ за храна