posni zdravi kolacinja

Брзи здрави колачиња со јаболка и суво грозје – посен рецепт со 5 состојки

Кога ти се јаде нешто благо, а немаш многу време за подготовка, овие брзи здрави колачиња се одличен избор! Се подготвуваат со само пет состојки, без брашно, јајца, млечни производи и додаден шеќер. Природно слатки од јаболката и сувото грозје, со неодолива арома на цимет и кремаста нота од кикирики.

Потпечени тестенини со мелено месо

Потпечени тестенини со мелено месо и кашкавал

Кога ни треба брз и вкусен ручек за целото семејство, потпечените тестенини се секогаш одличен избор. Се подготвуваат со неколку едноставни состојки, а комбинацијата од сочно мелено месо, ароматичен доматен сос, тестенини и растопен кашкавал создава совршен домашен оброк.

Есенски замор и исхрана

Есенски замор: дали исхраната ни ги обезбедува потребните нутриенти? Совети од д-р Нела Деспотовска

Со доаѓањето на есента, многумина забележуваат помалку енергија, замор, потешка концентрација или потреба за повеќе сон. Пократките денови, промената на дневниот ритам, стресот и недоволниот сон можат да придонесат за ваквото чувство, но важна улога има и исхраната.

Глицинот и аутистичниот спектар: Што треба да знаеме? – д-р Нела Деспотовска

Глицинот најчесто го поврзуваме со релаксација и квалитетен сон, но неговата улога во организмот е многу поширока. Оваа аминокиселина има важна улога во функционирањето на нервниот систем и е предмет на научен интерес и во истражувањата поврзани со аутистичниот спектар.

„Розов пулс за Битола“ – заедно за женското здравје, превенцијата и грижата за себе

Во Офицерскиот дом во Битола се одржа настанот „Розов пулс за Битола – да го славиме животот!“. Настанот беше посветен на подигнувањето на свеста за превенцијата и раното откривање на ракот на дојка. Се одржа во рамки на Розовиот октомври. Преку позитивен и интерактивен пристап, беше испратена важна порака. Грижата за сопственото здравје е чин на љубов кон себе.

Работилница Обој ја чинијата

Обој ја чинијата – одржана работилница за балансиран и нутритивно богат оброк

Како да составиме балансиран, вкусен и нутритивно богат оброк, без да поминеме цел час во кујна? Токму на ова прашање беше посветена работилницата „Обој ја чинијата – состави го твојот совршен оброк!“, која се одржа на 26 септември 2026 година, во прекрасниот амбиент на Офицерскиот дом во Битола.

Од појадок до брз ручек: Овие 5 органски dmBio производи се за деновите кога немате време за комплицирање

„Влегов во dm по овесните снегулки.“ Звучи како едноставен план за брз шопинг, сè додека покрај снегулките во кошничката не завршат уште неколку производи од dm марката dmBio. А кога станува збор за органски производи со разновидна примена, кои може да се најдат по секогаш поволни цени во dm, лесно е „само по едно“ да се претвори во пет производи во кошничката.

Протеинска салата во тегла со наут, сирење и кремаст јогурт дресинг – од кујната на Марија Кочовска

Понекогаш најдобрите оброци се оние кои се едноставни за подготовка, изгледаат прекрасно и можете да ги подготвите однапред. Токму таква е оваа протеинска салата во тегла – свежа, шарена, кремаста и одлична за секојдневното мени.

посен чиа пудинг

Најкремастиот посен чоколаден чиа пудинг – од кујната на Марија Кочовска

Ако барате здрав посен десерт кој е богат со растителни влакна, омега-3 масни киселини и природен вкус на какао, овој чоколаден чиа пудинг е вистинскиот избор. 

Постојано си уморна

Постојано си уморен? Совети од д-р Нела Деспотовска за повеќе енергија на клеточно ниво

Дали денот ти започнува со притискање на „snooze“, силно кафе веднаш по будењето, а веќе попладне чувствуваш замор, недостаток на концентрација и мозочна магла? Ако се препознаваш во ова, не си единствен. Хроничниот замор стана чест дел од модерниот начин на живот, но тоа не значи дека треба да го прифатиме како нормална состојба.

Американски палачинки – брз и лесен рецепт од кујната на Марија Кочовска

Ако барате американски палачинки што се подготвуваат брзо, секогаш успеваат и се неверојатно меки и воздушести, тогаш овој рецепт е вистинскиот избор за вас. Совршени се за појадок, ужина или десерт, а ќе ги обожава целото семејство.

Знаци за ментален замор

3 знаци дека мозокот ти бара пауза, а не уште едно кафе – Совети од д-р Нела Деспотовска

Се наоѓаме во средината на летото. Температурите се високи, социјалните мрежи се преполни со фотографии од плажи и патувања, но реалноста за многумина изгледа поинаку – рокови што притискаат, работни обврски и добро познатиот попладневен пад на енергијата.

Здрави енергетски чоколадни бомбици со 5 состојки – од кујната на Марија Кочовска: Најбрзиот десерт без печење

Понекогаш највкусните десерти се токму оние што се подготвуваат за неколку минути. Кога ќе ве фати желба за нешто благо, овие здрави енергетски чоколадни бомбици се совршен избор. Посни, богати со чоколаден вкус, хранливи состојки и природна енергија, тие се идеална ужина за во текот на денот, пред тренинг или како брз десерт по оброкот.

Здравје во лето

Што никој не ви кажува за здравјето во лето? Совети од д-р Нела Деспотовска 

Лето е период кога повеќето луѓе се чувствуваат поенергично, поминуваат повеќе време на отворено и уживаат во сонцето. Но, според д-р Нела Деспотовска, токму во овој период организмот е изложен на низа предизвици кои можат да влијаат врз имунитетот, енергијата и целокупното здравје.

Хормонален баланс и суплементи за PMOS состојба

PMOS – новото име за PCOS: Совети и препораки за хормонален баланс од д-р Нела Деспотовска

1 од 8 жени страда од PMOS, а дури 70% остануваат недијагностицирани. Иако милиони жени низ светот се соочуваат со симптоми како нередовен циклус, акни, инсулинска резистенција, опаѓање на косата и хроничен замор, голем дел сè уште не знаат што навистина се случува со нивното тело.