Силен имунитет е основен предуслов за здравјето на човекот, како и за долг и квалитетен живот. Ако е ослабена активноста на имунолошкиот систем, поподложни сме на разни инфекции, а неговата зголемена активност значи предиспозиција за алергии и таканаречените автоимуни заболувања. Оттука и нашата мотивација да ве потсетиме и да ви сервираме нови информации и препораки, за кои упатуваме благодарност до Д-р Нела Деспотовска која секогаш ни е на располагање и поддршка.
