Готвење со интегрално брашно

Готвење со интегрално брашно: Сé што треба да знаеш за подобри и помеки печива

Во последниве години интегралното брашно стана супер популарно – и со добра причина! Побогато е со влакна, има подлабок вкус и прави печивата да имаат по„домашен“ шмек.

Но, ако некогаш си се запрашал/а зошто тестото ти излегува погусто или колачите потврди, не се грижи – интегралното брашно само бара малку поинаков пристап. Споделуваме 9 едноставни совети што ќе ти помогнат.

Интегрално брашно

Комбинирај го со бело брашно – особено ако си почетник

Интегралното брашно е „потешко“ и не дава толку воздушни резултати како белото. Ако си почетник, практикувај ја комбинација 50% интегрално + 50% бело брашно. Вака печивата ќе бидат меки, а сепак поздрави.

Избери квалитетно брашно

Кога готвиш со интегрално брашно, квалитетот навистина прави разлика. Интегралното брашно од Жито Лукс е одбрано од висококвалитетни зрна и мелено така што ги задржува природните хранливи материи, вкусот и аромата. Богато со влакна и стабилно во текстура, ова брашно дава одлични резултати – било да правиш леб, колачи или секојдневни печива. 

Додај повеќе течност

Интегралното брашно впива многу повеќе течност. Затоа секогаш сметај дека ќе ти треба 10–20% повеќе вода или млеко за истата мекост на тестото.

Остави го тестото да „одмори“ подолго

Ова е мала тајна што прави огромна разлика. Бидејќи интегралното брашно има повеќе лушпи и зрна, му треба малку време да ја впие влагата. Дополнителните 10–15 минути одмор може да го трансформираат тестото.

Меси внимателно

Премногу месење може да направи интегрално тесто тврдо. Најдобро е кратко, но темелно месење – само колку да се соедини.

Интегрални мафини

Додај „омекнувачи“ за подобра текстура

Ако правиш колачи, кифлички или леб, додај состојки како:

  • Јогурт
  • Мед
  • Малку масло
  • Млеко

Овие состојки ќе ја подобрат текстурата на печивото.

Квасецот нараснува побавно

Интегралните смеси се потешки за квасецот, па тестото може да нарасне побавно.
Остави го да тестото подолго или додај малку повеќе квасец за подобар резултат.

Печи на малку пониска температура

Интегралното брашно побрзо добива темна кора. Пробај да ја намалиш температурата на рерната за 10°C за најдобар резултат.

Одлично се спојува со специфични вкусови

Интегралното брашно има топол, оревест вкус кој прекрасно се комбинира со:

  • Јаболка
  • Мед
  • Чоколадо
  • Јатки
  • Цимет

Во колачи – ова е магичната комбинација!

Готвењето со интегрално брашно не е комплицирано – само бара малку прилагодување. Со овие едноставни трикови ќе добиеш меки, ароматични и похранливи печива, а сепак ќе уживаш во сите придобивки од интегралните житарици.

Започна ГОЛЕМАТА наградна игра! 

Купи најмалку 1 кг Жито Лукс брашно, палента или гриз (или комбинација од овие производи) и учествувај во извлекувањата за вкупно 225 награди! 

Наградна игра Жито Лукс

Како да учествуваш?​

  1. Купи најмалку 1 кг Жито Лукс брашно, палента или гриз​
  2. Испрати СМС порака на бројот 149449 со: бројот на фискалната сметка, датумот и времето на купување​

Пример: #0258 01.12 15:25​

Задолжително чувајте ја фискалната сметка!​

Неделни награди (8 извлекувања):​

  • 5 × апарат за пица ARIETE​
  • 1 × миксер со сад BEKO​
  • 22 × пакет-производи Жито Лукс​

Главна награда (30.01.2026):​

1 ваучер за семејно патување во забавниот парк Gardaland, Италија.​

Наградната игра трае од 01.12.2025 до 29.01.2026 година. 

Дознајте повеќе: https://zitoluks.com.mk/denes-e-denot-za-avantura/

Среќно! 

Испробај ги рецептите со интегрално брашно – директно од кујната на Марија Кочовска!

Ако сакаш да откриеш колку вкусни и креативни можат да бидат јадењата со интегрално брашно, тогаш мора да ги пробаш инспиративните рецепти на Марија Кочовска. 

*Текстот е овозможен од Жито Лукс.

Сподели: