За нас

Луѓето кои ја сакаат храната, се секогаш најдобрите луѓе!

Сѐ за храна е онлајн магазин кој објавува иновативни и практични информации за сите љубители на храната. Нашата цел е да ги информираме нашите читатели за последните трендови во кулинарството, да презентираме исклучителни совети и рецепти вредни за спомнување кои би биле ценети од секој посетител. Основана во Април 2012 од професионални ентузијасти, Сѐ за храна е специјализиран магазин во областа на храната. Уникатниот дизајн креиран со големо внимание на естетиката и позитивното корисничко искуство, овозможува лесна читливост и видливост на вашите промотивни избори. Содржините се напишани од страна на талентирани професионалци со висок акцент на квалитет, сеопфатност и корисност во секоја од нив.

Нашата мисија? Да им помогнеме на нашите читатели да размислуваат за храната како основа за здравје и среќа. И, денес го постигнуваме тоа преку објавување на содржини кои сметаме дека се најкорисни и напишани од некој како тебе (а проверени од професионалци) со љубов, кафе и многу насмевки.

Размислувај за Сѐ за храна како здрав, среќен, моќен пријател и мотиватор кој го сака најдоброто за тебе. Ние сме:

  • Реални (Заборави дека ќе ослабиш 5 кг во 3 дена, ние зборуваме за остварливи резултати)
  • Забавни (Без смеа животот би бил досаден)
  • Легитимни (Ја обожаваме науката и докажаните факти).

Ние се трудиме да ве едуцираме не со квантитет, туку со квалитет на информациите кои ги презентираме.

Секогаш на ваша услуга

Ако имате прашање за нас, само пишете на info@sezahrana.mk, а ние ќе ви одговориме во најскоро можно време. Исто, може да ни се приклучите на Facebook, Twitter и Pinterest.

Ако само прелистувате, уживајте во читањето. Доколку сакате да бидете наш клиент или соработник ќе ни биде задоволство. Во секој случај, ви благодариме што ја посетивте Сѐ за храна.