Понекогаш најдобрите оброци се оние кои се едноставни за подготовка, изгледаат прекрасно и можете да ги подготвите однапред. Токму таква е оваа протеинска салата во тегла – свежа, шарена, кремаста и одлична за секојдневното мени.
Понекогаш највкусните десерти се токму оние што се подготвуваат за неколку минути. Кога ќе ве фати желба за нешто благо, овие здрави енергетски чоколадни бомбици се совршен избор. Посни, богати со чоколаден вкус, хранливи состојки и природна енергија, тие се идеална ужина за во текот на денот, пред тренинг или како брз десерт по оброкот.
Љубовта и добрата храна секогаш одат заедно! А денот на љубовта и виното е совршен повод да забавиме, да зготвиме нешто едноставно, а сепак посебно, и да уживаме во моментите поминати со саканите. Овој рецепт за печено сирење со бело вино и чери домати е токму таква идеја – топол, ароматичен и создаден за споделување.
Василичарскиот домашен мазник со паричка со генерации е симбол на заедништво и добра среќа во нашиот крај. Тој секогаш го зазема централното место на празничната трпеза, каде што се дели рамноправно меѓу сите присутни. Според народното верување, оној што ќе ја пронајде паричката ќе има здравје, радост и бериќет во текот на целата година.