Понекогаш највкусните рецепти се и наједноставните. Печените лепчиња со лук се токму таков пример – крцкави однадвор, а меки одвнатре. Совршени се како прилог, брза ужинка или додаток покрај супи, салати и тестенини.
Василичарскиот домашен мазник со паричка со генерации е симбол на заедништво и добра среќа во нашиот крај. Тој секогаш го зазема централното место на празничната трпеза, каде што се дели рамноправно меѓу сите присутни. Според народното верување, оној што ќе ја пронајде паричката ќе има здравје, радост и бериќет во текот на целата година.
Обожавам да готвам и да експериментирам со најразлични рецепти, а едни од моите омилени се домашните тортиљи – меки, вкусни и со неодолив мирис. Ги полнам со свежи зеленчуци, месо по избор, малку кечап или зазики, а понекогаш додавам и помфрит. Секогаш се добива брз, практичен и превкусен оброк што сите го сакаат!