Интегрални палачинки

Меки интегрални палачинки со цимет

Овие меки и ароматични интегрални палачинки се совршен избор за појадок или слатка ужина. Комбинацијата од интегрално и бело брашно им дава одлична текстура, додека циметот и ванилата додаваат топлина и пријатен мирис.

Рецептот е едноставен и брз, идеален и за почетници кои сакаат да се хранат поздраво. Палачинките се вкусни сами по себе, а уште подобри кога ќе се послужат со јаворов сируп, путер и свежо овошје. А освен што може да ги направиш, може да освоиш и вредни награди од Жито Лукс. Продолжи со читање и дознај повеќе за наградната игра. 

Интегрални палачинки со цимет

Состојки:

Состојки за интегрални палачинки

Подготовка:

  1. Растопете го путерот и тргнете го на страна да се излади малку.
  2. Во средна чинија измешајте ги двата вида брашно, шеќерот, прашокот за пециво, циметот и солта.
  3. Во посебна чинија изматете ги млекото, јајцето, растопениот путер и ванилата.
  4. Направете вдлабнатина во сувите состојки и истурете ја течната смеса. Измешајте со жица за матење. Ако смесата е густа додајте уште малку млеко. 
  5. Загрејте ја тавата за палачинки. 
  6. Премачкајте ја тавата со малку растопен путер или масло.
  7. Со мерка од ¼ чаша или голема лажица ставајте од смесата во тавата и оформете палачинки со дијаметар од околу 10 cm.
  8. По 1–2 минути, кога рабовите ќе изгледаат суви и ќе се појават меурчиња одозгора, превртете ги палачинките и печете уште 1–2 минути додека лесно не заруменат и се испечат одвнатре.
  9. Послужете ги додека се топчи со јаворов сируп, мед, путер и свежи бобинки. На здравје! 

Учествувај во ГОЛЕМАТА наградна игра! 

Купи најмалку 1 кг Жито Лукс брашно, палента или гриз (или комбинација од овие производи) и учествувај во извлекувањата за вкупно 225 награди! 

Како да учествуваш?​

  1. Купи најмалку 1 кг Жито Лукс брашно, палента или гриз​
  2. Испрати СМС порака на бројот 149449 со: бројот на фискалната сметка, датумот и времето на купување​

Пример: #0258 01.12 15:25​

Задолжително чувајте ја фискалната сметка!​

Наградна игра Жито Лукс

Неделни награди (8 извлекувања):​

  • 5 × апарат за пица ARIETE​
  • 1 × миксер со сад BEKO​
  • 22 × пакет-производи Жито Лукс​

Главна награда (30.01.2026):​

1 ваучер за семејно патување во забавниот парк Gardaland, Италија.​

Наградната игра трае од 01.12.2025 до 29.01.2026 година. 

Дознајте повеќе: https://zitoluks.com.mk/denes-e-denot-za-avantura/

Среќно! 

Може да те интересира: Од кујната на Марија Кочовска – брзи американски палачинки.

*Рецептот е овозможен од Жито Лукс.

Сподели: