Во деновите кога сакаме лесен, хранлив и посен оброк, салатите со киноа се совршен избор. Оваа посна салата со киноа е богата со вкусови, бои и текстури. Идеална комбинација од киноа, свеж бејби спанаќ, интегрален леб од 100% цело зрно со чија и киноа и крцкави ореви.
Внимателно избалансирана со протеини од киноата, јаглени хидрати од интегралниот леб, растителни влакна од спанаќот и здрави масти од оревите, оваа салата е брза за подготовка, дава чувство на ситост и е идеална и како главен оброк и како здрава вечера.

Состојки:
- 1 чаша киноа
- 2 чаши вода
- 1 жолта пиперка
- 1 црвена пиперка
- 2 – 4 парчиња цвекло од тегла
- 1 чаша бејби спанаќ
- 1/3 чаша сечкани ореви
- 2 парчиња 100% цело зрно интегрален леб со чија и киноа од Жито Лукс
- 3 лажици маслиново масло
- 1 лажица сок од лимон или јаболков оцет
- сол и црн мелен црн пипер по вкус.

Подготовка:
- Киноата исплакни ја под млаз вода, па стави ја да се вари со 2 чаши вода и малку сол. Кога ќе зоврие, намали ја температурата и вари околу 12–15 минути, додека водата целосно не испари. Тргни од оган и остави ја да се излади.
- Пиперките исечи ги на коцки, а цвеклото исечи го на мали парчиња.
- Интегралниот леб исечи го на половини или третини, премачкај го со малку маслиново масло и потпечи го во тостер или во рерна.
- Во голем сад измешај ја изладената киноа со пиперките, цвеклото и бејби спанаќот. Додај маслиново масло, лимон или оцет, сол и мелен црн пипер, па нежно промешај. Пред сервирање, одозгора додај ги крцкавите парчиња интегрален леб и оревите. На здравје!
Совети:
- Лебот додај го непосредно пред сервирање за да остане крцкав.
- По желба, додај семки или малку сенф во дресингот за подлабок вкус.
Може да те интересира: Зошто да избереш леб од 100% цело зрно со чија и киноа? – препораки од нутриционист Марија Апостоловска.
*Рецептот е овозможен од Жито Лукс.
