Печено сирење со бело вино

Печено сирење со бело вино и чери домати – од кујната на Марија Кочовска

Љубовта и добрата храна секогаш одат заедно! А денот на љубовта и виното е совршен повод да забавиме, да зготвиме нешто едноставно, а сепак посебно, и да уживаме во моментите поминати со саканите. Овој рецепт за печено сирење со бело вино и чери домати е токму таква идеја – топол, ароматичен и создаден за споделување.

Крцкавите брускети од бел пченичен леб од Жито Лукс, во комбинација со кремастото сирење и чаша добро бело вино, го прават овој рецепт идеален избор за романтична вечера или опуштено славење на љубовта.

Печено сирење со вино

Состојки:

  • 7–8 парчиња бел пченичен леб од Жито Лукс
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 мала лажичка сушено оригано
  • 300–400 г чери домати
  • ⅛ мала лажичка мелен црн пипер
  • 300–400 г бело сирење (фета, кравјо или мешано)
  • 100 мл бело вино.

Подготовка:

  1. Загреј ја рерната на 180°C.
  2. Секое парче леб исечи го во форма на срце со помош на метален калап. Нареди ги во тава, попрскај ги со маслиново масло и нароси оригано. Печи 5–7 минути, додека станат крцкави.
  3. Во тава за печење додај ги чери доматите. Попрскај ги со маслиново масло, зачини ги со оригано и мелен црн пипер, па нежно измешај ги. Во средината на тавата направи простор и постави го сирењето.
  4. Попрскај го сирењето со малку маслиново масло, нароси оригано и додај го белото вино во тавата.
  5. Печи околу 30 минути на 200 степени, сè додека сирењето не омекне и не добие златна боја, а доматите не пуштат богат сок. Подготовката погледни ја на видеото. На здравје!

Совети плус:

  • Ако сакате поинтензивен и ароматичен вкус, додајте 2–3 чешниња лук (цели или крупно исечкани) заедно со чери доматите – при печење ќе станат меки и благо слаткасти.
  • Доколку користите фета сирење, при печењето ќе добиете особено кремаста и мазна текстура, совршена за мачкање на крцкавите брускети.
  • За дополнителна свежина, по печењето можете да наросите свеж босилек или магдонос.
  • Послужете го јадењето додека е топло, со уште една чаша ладно бело вино – уживањето е загарантирано.
Печено сирење со вино и брускети од леб

За уште повеќе идеи, сезонски рецепти и кулинарска инспирација, можете да ме следите и на моите профили на социјалните мрежи:

Можи да те интересира: Брз крцкав сендвич – од кујната на Марија Кочовска.

Рецептот е овозможен од Жито Лукс.

Сподели: