„И за појадок и за ручек и за вечера! Секогаш можеме да јадеме потпечени макарони со сирење. Овој убав, традиционален рецепт од македонската кујна, го преработив и направив моја верзија со кашкавал.

„Во пресрет на Прочка, го споделувам мојот испробан рецепт за тегнет мазник со сирење. Ако имаш желба, сигурна сум дека моите детални инструкции ќе ти помогнат успешно да го направиш. За празник или некој семеен собир, ова традиционално јадење ќе ги израдува сите!“ – вели Катерина Шамбевска Спасеновска фудблогер и уредник од нашиот тим.
,,Вкусот на јадењата пренесуван со генерации, никогаш не излегува од мода! Такво е и ова макало! – Ако не знаете што вкусно и лесно да си подготвите, пробајте го безвременскиот рецепт за традиционално макало од пиперки со компири! Го правеа моите баби, мајка ми, па и јас. ” – срдечно споделува Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим.
„Ако не сакате претерано солено топено сирење, ви предлагам рецепт кој ќе ве освои! Проверено безброј пати и секој пат изедена целата порција со голема сладост! А, ако имате време и можност да си направите домашни фурнаринки, задоволството ќе биде уште поголемо. За сите љубители на интересни и традиционални рецепти, но во подобрена хранлива варијанта ви препорачувам да го пробате ова превкусно топено сирење од урда и кашкавал“. – вели Катерина Шамбевска Спасеновска уредник и фудблогер од нашиот тим.
Овој рецепт не е и некоја новина, но е нешто кое што ќе ги стопли срцата на голем број од нас! Потсетува на топли утра во ладните зими, на мајчинската грижа за брзо да постави јадење на трпезата за своите гладни деца. Во нашето маало, ова беше еден од обожаваните оброци, па сеќавањата на безброј моменти полни со мали радости, ме поттикна да ве потсетам сите вас на превкусниот ајвар со јајца и прилог од биено сирење и топол леб, а често пати го комбиниравме и со бело тврдо сирење. – вели Катерина Шамбевска Спасеновска уредник и фудблогер од нашиот тим.
„Потребни ви се неколку состојки кои скоро секогаш ги имаме дома. Едноставно и со лесна подготовка, ќе имате ново јадење на трпезата, кое и тоа како ќе ви ја разбие секојдневната рутина! Ви предлагам да го пробате мојот најнов рецепт – мусака со спанаќ и сирење! Свежа и со удобен вкус, и за сетилата и за стомакот, ќе ве освои при првиот залак!“ – вели Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим, која ja направи оваа прекрасна мусака.
Ако сакате да го изненадите семејството со нов рецепт, имаме одличен предлог за вас! Со заслужена репутација на врвен производ, мекото бело сирење на Камембер е разноврсно сирење кое може да се јаде на различни начини. Овој рецепт за печено сирење со рузмарин и лук од познатиот готвач Џејми Оливер е одличен за вкусно и брзо мезе за вас и вашите пријатели.
„Повкусна од руската, освежителна и едноставна за подготовка! Верувам дека оваа кремаста кинеска салата со ориз ќе биде една од омилените која ќе ја запишете во вашите тетратки со рецепти и ќе ја правите за секоја прилика. Нашите пријатели од Млекара Тетово ни испратија Кораб кравјо сирење за дегустација, а јас го искористив за подготовка на вкусната кинеска салата.“ – вели Марија од нашиот тим.