Палента со сирење

Брза кремаста палента со сирење – од кујната на Марија Кочовска

Време е за брзи и летни рецепти! Го споделувам мојот омилен рецепт за кремаста палента со сирење. Толку е вкусна, а толку кремаста!

Доволни ти се 10 минути за подготовка. Ќе им се допадне на сите, а идеална е и за појадок, како додаток на ручекот или вечерата. Едноставно – совршена!

Кремаста палента со сирење

Состојки:

  • 4 чаши вода
  • 1 чаша палента од Жито Лукс
  • 1 мала лажичка сол
  • 1 лажицa путер
  • 100 г бело сирење
  • 1 лажица пармезан или кашкавал по желба.
Кремаста палента со сирење

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган, на висока температура, ставете 4 чаши вода да зоврие. Додајте ја солта и измешајте.
  2. Штом водата ќе зоврие, постепено додавајте ја палентата, постојано мешајќи со жица за матење.
  3. Намалете ја температурата и продолжете со мешање додека палентата не се згусне (околу 3–4 минути).
  4. Исклучете го шпоретот, додајте го путерот и измешајте. Штом се растопи, додајте го сирењето и повторно измешајте.
  5. Поклопете го тенџерето и оставете ја палентата да одмори 5 минути. Потоа сервирајте ја со рендан пармезан по желба. На здравје!

Видеото со подготовката погледни го тука:

Дали знаеш дека…?

Жито Лукс имаат супер наградна игра во соработка со Жито Маркети.

Купи 1 кг. Жито Лукс брашно (палента, екстра бело, пица, пекарско, сенаменско, интегрално, пченарно, гриз) и можеш да добиеш:

  • 7 x BOSCH мултипрактик
  • 5 x TEFAL пегла
  • 3 x BEKO правосмукалка
  • 15 x ISKRA електрична тава.
Жито Лукс наградна игра

Како да учествуваш?

  • Купи најмалку 1 кг. од било кое брашно Жито Лукс.
  • Земи купон на каса и пополни го.
  • Стави го во означената кутија.
  • Зачувај ја фискалната сметка!

Наградната игра трае од 21.06 до 21.07.2025. Играј, освои, уживај!

Може да те интересира: Посни кроасани – лиснати кифлички.

*Рецептот е овозможен од Жито Лукс.

Сподели: