рецепти со кременадли

3 празнични рецепти за кременадли во сос

Славите и имендените започнаа! Празниците ни доаѓаат! Ова е најубавиот период кога дружбите се позачестени, а секој е во потрага по најубавите рецепти. Споделуваме 3 празнични рецепти за кременадли во сос со кој гостите ќе бидат воодушевени, а трпезите убаво декорирани. 

ролат од мелено месо

Ролат од мелено месо со сос од кечап и чили

Дали сакаш да испробаш нешто многу вкусно за викенд или за време на празниците кои доаѓаат? – Припремивме ново гастрономско уживање и јадење кој сигурно ќе го запишеш во тетратката со омилени рецепти. Испробај го пикантниот ролат од мелено месо со сос од кечап и чили. 

медитерански полнети печурки

Полнети печурки во медитерански стил

Превкусна и здрава верзија на пица, која мора да ја пробаш во прва прилика! Овој рецепт е одличен избор за оние кои се на диета со мал број на калории, не конусмираат глутен или житарици. Медитеранските полнети печурки се прават за 5 минути, се печат околу 10 минути, а ќе ги снема од чиниите за 1 минута. Наш совет е да ја дуплираш количината на состојки, затоа што рецептот е фантастично добар!

Сарма од свежа зелка 

Македонската кујна е богата со голем број на традиционални и убави рецепти. Таков е и овој рецепт за сарма од свежа зелка. Нашите баби беа вешти и ја приготвуваа оваа сарма во есенскиот период – во посна и мрсна варијанта, зависно од вкусот. Додека ја чекаме киселата зелка, може да уживаме во вкусот на сармата и со свежа зелка. Постапката за подготовка е малку поразлична, затоа што зелката прво се вари со оцет и вода, а потоа листовите се вадат.

свински гулаш во доматен сос

Свински гулаш со доматен сос

Совршениот рецепт за свински гулаш со доматен е тука! Приготвен со домашно македонско свежо месо од Агриа, малку чадена сланина за подобар вкус, кромид и пиперки за подобра арома, и доматен сос кој е тајната на најдобриот рецепт. Некои рецепти заслужуваат веднаш да се најдат на менито за оваа недела, а овој рецепт за свински гулаш со доматен сос е еден од нив. 

брз лахмаџун

Брз лахмаџун со тортиљи – од кујната на Марија Кочовска

Обожавам лахмаџун! Лахмаџунот кој е познат и како турска пица е традиционално турско јадење. Го имам направено со пити со месење, но овој брз рецепт за лахмаџун со тортиљи ме освои! Филот се спрема за 10-тина минути, а за 30 минути јадењето е веќе послужено.

Брзи тако тортилји со мелено месо 1

Од кујната на Катерина: Брзи тако тортилји со мелено месо

„За сите љубители на мексиканската кујна имам совршено вкусен рецепт! Ако немате идеја, брзи тако тортилји со мелено месо се идеален избор за целото семејство! Многу често приготвувам вака и вкусот е уживање!“ – вели Катерина Шамбевска Спасеновска  уредник и фудблогер од нашиот тим. 

печени медитерански тиквички

Медитерански полнети тиквички во доматен сос – од кујната на Марија Кочовска

„Превкусни се! Медитеранските полнети тиквички во доматен сос ќе го освојат сечиј вкус. Летото е сезона на тиквичките, па ги искористив и припремив нов рецепт кој одговора во повеќе диетални режими – УН диета, хроно диета, безлутенска исхрана, исхрана со мал број на јагленихидрати…

Пржен ориз со свинско месо и пиперки

Испробај ја популарната азиска храна со фантастичен вкус! Ако сакаш да направиш брз, вкусен и здрав оброк, пробај го овој рецепт за пржен ориз со свинско месо и пиперки. Лесен е за подготовка и се прави со состојки кои веројатно веќе ги имаш во кујната. Ако ти останал ориз од претходниот ден, ова е одличен начин да го искористиш. Превкусно е!

Крцкави печени шницли од рерна 1

Kрцкави печени шницли од рерна

Штом се спомнат шницли, во устата се јавуваат сочни сензации и се створува апетит и желба да се вкуси тоа одлично јадење! И ние ги обожаваме, а како полесна, побрза и непржена варијанта, ви предлагаме да пробате крцкави печени шницли од рерна!