Кременадли во сос од печурки – од кујната на Марија Кочовска

Меки, сочни и неверојатно вкусни! Го споделувам мојот рецепт за подготовка на кременадли во сос од печурки.

Брзи и едноставни за подготовка – ќе го освојат сечиј вкус, а крајниот резултат, верувајте, ќе ве воодушеви. Би рекла: специјалитет исто како од врвните ресторани.

Кременадли во сос со печурки

Состојки:

За кремаст сос од печурки:

  • 1 лажица путер
  • 7-8 шампињони
  • 300 мл павлака за готвење 
  • Сол по вкус
  • 2 лажици свеж сечкан магдонос.
Кременадли во сос од печурки

Подготовка:

  1. Шампињоните исечкајте ги на листови.
  2. Кременадлите зачинете ги со сол и црн пипер.
  3. Во тава на средна температура загрејте го маслото.
  4. Ставете ги кременадлите и пржете ги околу 5–6 минути од секоја страна, додека поруменат. Извадете ги од тавата.
  5. Во истата тава додајте го путерот. Кога ќе се растопи, додадете ги сечканите печурки и пропржете ги околу 3–4 минути.
  6. Додајте ја павлаката за готвење и измешајте. Вратете ги кременадлите во тавата. Оставете сосот да проврие 5–8 минути, додека се згусти. Посолете по вкус.
  7. Тргнете ја тавата од оган и по желба зачинете со свеж магдонос.

Кременадлите во сос од печурки послужете ги со прилог од компири. Подготовката погледни ја на видеото. На здравје!

Совети плус:

  • За подготовката користев свежи свински кременадли од Агриа. Посети ги нивните месарници Велес, Битола и Штип. Свинското месо од Агриа, може да го набавиш во Тинекс, Рамстор и Кит-Го маркетите.
  • Времето на пржење на кременадлите зависи од нивната дебелина – ако се подебели, пржете ги подолго и оставете ги подолго да покрчкаат во сосот.
Кременадли во кремаст сос од печурки

Ти се допадна овој рецепт? Посети ги моите профили и заследи ме:

Може да те интересира: Брз рецепт за свински шницли – од кујната на Марија Кочовска.

*Рецептот е овозможен од Агриа.

Сподели: