Што да се зготви за ручек или вечера? Да биде брзо, вкусно и да им се допадне на сите? – Си ги поставуваш ли овие прашања? Имам супер предлог! Направи свински шницли!
Толку едноставни за подготовка, а толку вкусни! Ова јадење е дел од мојата колекција на брзи летни рецепти.

Состојки:
- 400 г до 800 г свински бут од Агриа
- Сол и мелен црн пипер
- ½ чаша брашно
- 1 чаша лебни трошки
- 2 јајца
- Масло по потреба.

Подготовка:
- Месото исечете го на тенки шницли со дебелина околу 6-7 мм.
- На работната површина ставете најлонска фолија, па врз неа парче месо, и покријте го со уште едно парче фолија.
- Благо исчукајте со кујнски чекан – треба да добиете парчиња месо со дебелина од 4–6 мм.
- Зачинете ги со сол и мелен црн пипер.
- Јајцата ставете ги во длабок сад, посолете ги и изматете ги со жица за матење.
- Во други две плитки чинии ставете ги брашното и лебните трошки.
- Секоја шницла најпрво извалкајте ја во брашно, потоа потопете ја во јајца, и на крај кратко извалкајте ја во лебни трошки. Не ги притискајте со прсти за да не се оштети обвивката.
- Во тава на оган, на средно висока температура, ставете поголема количина масло да се загрее.
- Похуваните шницли пржете ги во загреаното масло околу 2–3 минути од секоја страна, или додека не поруменат.
- Повремено затресувајте ја тавата за да не се залепат, но не ги боцкајте со виљушка – користете фаќалка за да не се оштети површинскиот слој.
- Печените шницли извадете ги врз хартиена салфетка за да се впие вишокот масло.
- Послужете ги со парчиња лимон и зелена салата. Подготовката погледни ја на видеото. На здравје!
Совети плус:
- Секогаш внимавам какво месо користам во моите рецепти. За шницлите од овој рецепт користев свеж свински бут од Агриа. Ако сакаш да направиш совршени, меки и сочни шницли, избери свежо домашно месо од Агриа – кое е достапно во нивните месарници Велес, Битола и Штип. Свинското месо од Агриа, може да го набавиш во Тинекс, Кит-Го и Рамстор маркетите.
- Свинските шницли можеш да ги направиш и со печење во рерна или на скара. Во тој случај, избери свински врат.

Ти се допадна овој рецепт? Посети ги моите профили и заследи ме:
- Instagram – @kocovska.marija
- Facebook – Marija Kocovska
- Youtube – Marija Kocovska
- TikTok – @marija.kochovska.
Може да те интересира: Компир манџа со чадено месо – од кујната на Марија Кочовска.
*Рецептот е овозможен од Агриа.
