брз лахмаџун

Брз лахмаџун со тортиљи – од кујната на Марија Кочовска

Обожавам лахмаџун! Лахмаџунот кој е познат и како турска пица е традиционално турско јадење. Го имам направено со пити со месење, но овој брз рецепт за лахмаџун со тортиљи ме освои! Филот се спрема за 10-тина минути, а за 30 минути јадењето е веќе послужено.

Брз појадок - Бурито со јајца и колбаси

Брз појадок – Бурито со јајца и колбаси

Немате многу време да подготвите појадок? – Имаме одлична идеја за брз оброк! Бурито со јајца и колбаси, се спрема  за помалку од 10 минути, a mожете да го јадете дома или да го завиткате во фолија и да го земете за на работа. Брзо за правење, а вкусно за јадење!

Брз рецепт за печен карфиол во рерна

Одлична идеја за ручек или вечера! Брз и вкусен рецепт за печен карфиол во рерна кој сигурно повторно ќе сакате да го направите. Може да го послужите како засебен оброк, во комбинација со сос или како гарнир со главното јадење.

Лесен и вкусен намаз од 4 состојки

Често останувате без идеја што да појадувате или вечерате? Сакате оброк кој е едноставен за правење, а истовремено вкусен и хранлив? – Имаме супер рецепт за вас! Направете си намаз од сончоглед и семки од тиква, премачкајте го на потпечено лепче, послужете и уживајте.

Појадок за 5 минути – овесен оброк збогатен со инулин

,,Брз лесен појадок за енергичен ден добро ќе дојде за секого, па топло препорачувам да го пробате. Едноставен и совршен за секоја возраст и занимање!”  – срдечно споделува Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим.

тортилја ролничка

Тортилја ролничка потпечена во тавче – брз појадок или совршена вечера

„Ако често пати се прашувате што брзо, плус хранливо и вкусно да јадете, рецептов кој ви го предлагам за тортилја ролничка ќе ви биде прв одговор секогаш, исто како и нам дома, особено за вечера! Ова е еден од покреативните начини кои мајките со мали деца можат да го користат за им „подметнат“ на свиоите најмили вкусни и хранливи материи. Наредно ќе ви кажам и за уште една варијација на вкус која ја обожаваме, а ќе ве очекувам со сликички, кометари и нови идеи за филови и од вас.“ –  срдечно споделува Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим.

Брз лесен појадок за енергичен ден

,,Омилениот појадок бр.2 за летово! Свежо, слатко, хранливо и многу нутритивно! Едноставен и совршен за секоја возраст и занимање. Брз лесен појадок за енергичен ден добро ќе дојде за секого, па топло препорачувам да го пробате. ”  – срдечно споделува Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим.

брз леб со сода 1

Брз леб со сода од 4 состојки

Како да направите леб ако немате квасец? Катерина од нашиот тим ни сподели одличен рецепт за брз леб со сода од 4 состојки. Таа вели: „Лебот е превкусен сам од себе и e со крцкава кора кога е топол. Кога ќе се излади е малку влажен во текстурата споредено со обичен бел леб, па не мора да се чува во најлонска ќеса. Трае до неколку дена и не се расипува“.

Намирници кои се сојузници за брз метаболизам

Намирници кои се сојузници за брз метаболизам

Постојат луѓе кои иако водат здрав живот, сепак тешко им оди намалувањето на килограмите. Најчесто, причинител за оваа појава е бавниот метаболизам, односно начинот на исхрана. Храната за добро варење и брз метаболизам е богата со растителни влакна, но и витамини, минерали и добри бактерии, кои можат да влијаат на цревната микрофлора, а со тоа и на основните функции на дигестивниот систем.

Турско суфле

Турско суфле

Ви се најавиле гости, а немате многу време за да подготвите нешто вкусно? Ние имаме одличен рецепт кој буди неопишлива желба да го пробате. Рецептот за турско суфле ни доаѓа од кујната на нашата пријателка Ана, па со задоволство го споделуваме со вас. А што е најважно, овој десерт може да го направи секој, без разлика на кулинарското искуство.

брз чоколаден мус во чаша без јајца

Брз чоколаден мус без јајца

На ваше и наше задоволство, пред неколку дена го одржавме кулинарското шоу „15 минути“ во кое за 15 минути Катерина Шамбевска Спасеновска и Марија Кочовска од нашиот тим ви презентираа како да си подготвите превкусен и брз чоколаден мус во чаши. Се дружевме, поразговараме и разменавме идеи за повеќе брзи испробани рецепти. Дел од вас посакаа рецептот да го ставиме на sezahrana.mk и да остане во богатата архива на испробани и препорачани рецепти. Па, драги читатели ве потсетуваме на рецептот и првата епизода на подолу прикажаното видео.

Брз рецепт за печени ќофтиња со кашкавал

Кој не сака ќофтиња? Тие се вкусен и одличен оброк наменет за секоја пригода. Најдобро е тоа што секогаш може да експериментирате со вкусовите и да додавате различни зачини по желба. Денес направете печени ќофтиња на брз и едноставен начин и изненадете ги вашите најблиски.

кремасти лампиони

Чоколадни кремасти лампиони – брз десерт со Александра Шијакоска

Кога се готви заедно со друштвото е забавно, а моментите се незаборавни! На празнична кулинарска дружба ја поканивме Александара Шијакоска – @aleksandrashijakoska позната инфлуенсерка и нејзината пријателка Кика. За десертот ја задолживме Марија, фудблогер и еден од уредниците во нашиот тим, која вели: „Размислував што да приготвиме, а да биде премногу вкусно и се разбира лесно за подготовка. Инспирирана од Dolcela на Podravka, се одлучив за Double choco десерт со додаток на портокал, Lino Lada Gold и финиш од шлаг пена, преточени во чоколадни кремасти лампиони.“