Појадок за 5 минути – овесен оброк збогатен со инулин

,,Брз лесен појадок за енергичен ден добро ќе дојде за секого, па топло препорачувам да го пробате. Едноставен и совршен за секоја возраст и занимање!”  – срдечно споделува Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим.

И додава: ,,Претходно веќе ви имам споделено слична варијанта на оброк кој е дел од мојата утринска рутина, а во последно додавам лажичка инулин за нутритивно да го збогатам оброкот, затоа што истражував дека е корисен, а моето мото за здравјето е превенција пред лекување. Од она што истражив дознав дека:

  • Инулинот помага за подобро искористување на хранливите материи
  • Ги поттикнува добрите бактерии
  • Дава чувство на ситост и помага за регулирање на тежината
  • Корисен е за регулирање на шеќерот во крвта и уште многу нешта.” 
Појадок за 5 минути - овесен оброк збогатен со инулин

Состојки:

  • 40 г овес или околу 4 лажици
  • 1 лажица чиа семе
  • 1 лажиче ленено семе
  • 1 лажиче семки од тиква
  • 10-тина зрна суво грозје
  • 1 лажиче цимет
  • 10 сечкани ореви
  • 1 лажиче инулин
  • 10-тина зрна аронија
  • 200-250 мл јогурт
  • по желба сезонско овошје.

Подготовка:

  1. Ставете ги сите суви состојки во чинија.
  2. Додајте ги инулинот, аронијата и јогуртот и убаво измешајте. На здравје!
брз појадок

Совети плус:

  • Оброкот може да го припремите порано и да стои во фрижидер.
  • По желба додајте сезонско овошје, но овошјето сепак препорачувам да се додаде непосредно пред јадење.
  • Ако обожавате поблаго, додајте 1 лажиче мед.
  • Инулинот го набавувам од онлајн продавницата на Тримекс со бесплатна достава, а исто така е достапен во сите поголеми аптеки. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.
  • Видео подготовката на рецептот може да ја погледнете тука.
брз појадок

Препорака од авторот:

Ако ви се допадна рецептот, разгледајте ги моите профили каде објавувам испробани рецепти креирани во мојата кујна и заследете ме:

Автор на рецепт и фотографии: Катерина Шамбевска Спасеновска@katerina.shambevska.

Повели корисни линкови од претходни истражувања за инулинот, ако те интересира да дознаеш повеќе зошто го избрав да биде дел од моето мени:

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан текст.

Сподели: