храна со диетални влакна 1

Инулин за подобра дигестија и намалување на апетитот

Познато е дека храната богата со растителни влакна помага за регулирање на телесната маса, како и за здрав дигестивен систем. Но, дали знаете дека постои растително влакно – инулин за подобра дигестија и намалување на апетитот? Имате проблем со варењето на храната или пак сакате да ја намалите телесната маса? – Прочитајте го текстот кој го подготвивме за придобивките од инулинот.

Како што се движи низ дигестивниот систем, инулинот ги храни добрите бактерии во цревата и го чисти телото од штетни честички, го апсорбира холестеролот и прави да се чувствуваме сити.

храна со диетални влакна 2

Што е инулин?

Инулинот спаѓа во групата на растворливи (солубилни) растителни влакна. Најмногу го има во корен од цикорија како и во уште 36 000 растенија, меѓу кои и цело зрно пченица, кромид, банани, лук, аспагарус и ерусалимска артичока. Инулинот е тип на фруктан, олигофруктозен шеќер. Се наоѓа во коренот и стеблото на растенијата како складирана енергија. Ја регулира внатрешната температура на растенијата. Инулинот е 4 пати помалку калоричен од белиот шеќер, што го прави погоден за дијабетичари.

Инулин за подобрo варење на храната

Помош при констипација

Како инулинот помага во ослободување на фецесот? – Поради неговата хемиска композиција, кога инулинот се меша со течност, формира кремаст гел кој ја намалува констипацијата. Таквиот гел има структура слична на мастите што дополнително помага во движењето на фецесот низ цревата и го намалува ризикот од појава на хемороиди. Во една студија од 2017 година е откриено дека консумирањето на инулин дава позитивни резултати кај возрасни лица со хронична констипација. Во оваа студија, учесниците земале 4 грама инулин три пати на ден. Друга студија која го истражувала влијанието на инулинот врз констипацијата кај постарите лица, докажала дека со консумација на 15 грама инулин на ден, во рок од еден месец, се подобрило движењето на храната низ цревата кај испитаниците.

Делува како пребиотик и го подобрува здравјето на цревата

Инулинот е недигестивен пребиотик и токму поради тоа не се апсорбира во дебелото црево. При овој процес, инулинот природно ферментира и ја храни микрофлората на цревата. Истражувањата покажале дека оваа олигофруктоза има улога на пребиотик кој делува на слузокожата на цревата и ги контролира ендокрините и имуните функции. Со стимулирање на растот на добрата микрофлора, инулинот може да го намали бројот на потенцијално штетни бактерии кои можат да предизвикаат инфламација на цревата.

За потребите на дигестивниот систем, ви го препорачуваме Inulin-от на NOW ® Инулинот на NOW ® е растворливо пребиотичко влакно кое е отпорно на варење и допира до дебелото црево непроменето. Цревните пробиотски бактерии консумираат инулин и за возврат произведуваат масни киселини со краток синџир, кои ги потхрануваат клетките на дебелото црево. На тој начин помага да се одржи здравјето и функцијата на цревата. Инулинот има пријатен вкус кој дава блага сладост на храната и пијалаците, но има многу низок гликемичен индекс и нема негативно влијание на серумските нивоа на гликоза. Производот со супер попуст може да го најдете на онлајн продавницата на Тримекс.

Inulin-от на NOW ® е:

  • Сертифицирано органски
  • Чист прашок
  • Пребиотска дигестивна поддршка
  • Ги храни добрите бактерии
  • Со многу низок гликемиски индекс
  • Од сина агава.
инулин

Ако сакате да ја обновите микрофлората во цревата, имате запек, лошо варење, гасови и непријатност ви препорачуваме да ја ги прочитате следните текстови:

Инулин за намалување на апетитот

Иако има ниска калорична вредност, инулинот може да направи да се чувствувате помалку гладни. Нутриционистите препорачуваат луѓето кои сакаат да ја намалат телесната маса, да го зголемат внесот на диететски влакна. Внесот на инулин на овие лица им помага да го намалат апетитот и истовремено да ги намалат наглите промени во нивото на шеќер во крвта.

Гелот кој се формира кога инулинот се комбинира во вода, се шири во дигестивниот систем. Ширењето на гелот може да помогне во намалувањето на апетитот што потенцијално доведува до губење на вишокот килограми. Исто така, го намалува процесот на празнење на храната од желудникот и истовремено зазема поголем волумен, што доведува до чувство на ситост брзо после оброк.

Искористете ја акцијата и набавате инулин со попуст!

Искористете ја акцијата и порачајте инулин со попуст преку онлајн продавницата на Тримекс, со вклучена бесплатна достава. Производот може да го најдете во поголемите апетки, но попустот важи само за нарачки преку онлајн продавницата. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: Што е инулин и зошто е добар за здравјето?

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: