Инулин за подобро варење и баланс на микрофлората во цревата

Вклучете инулин за подобро варење и баланс на микрофлората во цревата! Знаете ли за користа од него? – Како што се движи низ дигестивниот систем, инулинот ги храни добрите бактерии во цревата и го чисти телото од штетни честички, го апсорбира холестеролот и прави да се чувствуваме сити. Препорачуваме да го прочитате целиот текст до крај, а исто така и дополнителните линкови со литература за целосно да ја разберете неговата улога и важност.

Инулинот е природен полисахарид кој го произведуваат голем број на растенија. Припаѓа на класата растителни влакна познати како фруктани. Вo исхраната, инулинот помага во варењето на храната и го зголемува бројот на добри бактерии во цревата. За помошта и проверувањето на информациите и се заблагодаруваме на Д-р нела Деспотовска, а подетално за тоа што е инулин прочитате и тука на овој линк.

Инулинот природно се наоѓа во следните намирници:

  • агава
  • цикорија
  • артичока
  • лук
  • кромид
  • праз
  • банана
  • пченица.

Здравствени придобивки од инулинот

Дава чувство на ситост

Бидејќи е растително влакно, човечкиот дигестивен систем не може да го свари инулинот. Тој поминува низ дигестивниот тракт непроменет и оди во дебелото црево. Инулинот е растворлив во вода. Се раствара во желудникот и се формира гел, т.е желатинозна маса која го успорува движењето на храната низ цревата, ја намалува апсорпцијата на холестерол, дава чувство на ситост и ја подобрува перисталтиката.

Ги поттикнува добрите бактерии

Цревната микрофлора на човекот ја сочинуваат помеѓу 15000 и 36000 бактерии. Поголемиот дел од нив се добри бактерии, а мал дел имаат потенцијал да бидат штетни. Добрите бактерии имаат бројни здравствени придобивки. Штитат од патогени микроорганизми, спречуваат инфекции и допринесуваат во работата на имуниот систем. Исто така го зголемува бројот на добри бактерии и ја подобрува работата на цревата.

Помага за подобра апсорпција на хранливите материи

Инулинот во целина го успорува варењето на храната и така му овозможува на организмот подобро да ги апсорбира хранливите состојки од храната. Така, на пример, инулинот му помага на организмот подобро да го апсорбира калциумот, што е особено важно за постарите лица.

Помага за контрола за нивото на шеќер во крвта

Инулинот го успорува варењето на јаглехидратите. Тоа овозможува постепено ослободување на шеќер и без нагли скокови, што помага за контрола на нивото на шеќер во крвта. Инулинот и тоа како е корисен за лицата со дијабетес. Делува како стабилизатор на шеќерот во крвта, особено ако се користи подолг временски период во исхраната.

Може да помогне во регулација на телесната маса

Покрај останатите позитивни ефекти, инулинот исто така има способност да учествува во регулирање на телесната маса и намалување на килограмите. Редовната консумација на храна богата со инулин и земање на инулин како додаток во исхраната во вид на прав го намалува чувството на глад и го држи организмот сит. На тој начин се намалува внесот на храна, а се зголемува искористливоста на нутриенти. Тогаш се намалува телесната маса, а не настанува недостаток од некои хранливи материи.

И кај нас е достапен инулин во форма на прав како додаток во исхраната

Нашите пријатели Тримекс имаат инулин во прав како додаток во исхраната. Inulin-от на NOW помага да се одржи здравјето и функцијата на цревата. Има пријатен вкус кој дава блага сладост на храната и пијалоците, но има многу низок гликемичен индекс и не влијае негативно на серумските нивоа на гликоза. За најдобар ефект, се препорачува да се зема 1 мала лажица Inulin, еднаш до три пати дневно. Измешајте го во вашиот омилен пијалок или храна. Започнете со 1 лажичка дневно и постепено зголемувајте ја дозата за да се избегне гастро-интестинална непријатност. Производот не содржи други состојки. Inulin-от на NOW не е произведен со квасец, пченица, глутен, соја, млеко, јајца, риба, школки или јаткасти состојки. Погоден е за вегетаријанци и вегани и не содржи ГМО.

Совет плус: Доколку редовно користите инулин, ви предлагаме да пиете многу вода, затоа што тоа може да помогне во намалување на непријатностите. При подолготрајна употреба на инулин може да се јават надуеност, гасови, мека столица или запек.

Нарачајте инулин преку онлајн продавницата на Тримекс, со вклучена бесплатна достава. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: Инулин за подобра дигестија и намалување на апетитот.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: