совети за полесно слабеење 1

6 едноставни совети за полесно слабеење

Ве плаши вишокот на телесна маса? – Веќе не мора да се грижите. Едноставно намалете ги килограмите. Само следете ги овие совети за полесно слабеење и резултатите се загарантирани! Бидете здрави и среќни, а пред сѐ истрајни, затоа што, метафорички кажано, војната со килограмите не се добива со само една битка!

Вишокот на килограми е и естетски и здравствен проблем. Го зголемува ризикот од развој на многу болести, како дијабетес, висок крвен притисок, висок холестерол, срцеви заболувања и слично. Постојат голем број на диети кои се ефикасни на краток рок или пак воопшто не се корисни и навистина брзо се враќаат килограмите. Она што е потребно за постигнување на посакуваната телесна маса и нејзино одржување, е здрава исхрана комбинирана со физичка активност и да се следат советите на нутриционистите. На кратко, потребна е промена на животниот стил на долг рок, не е доволно придржување до одредени правила во ограничен временски период. Еве што ве советуваме за ова „патување“ да биде полесно.

совети за полесно слабеење 2

Внесувајте здрава, разновидна и нутритивно богата храна

Здравите оброци и ужини, секојдневната правилна исхрана, е темел на здраво слабеење. Само со внесување на здрави намирници и избегнување на претерано обилна храна, мрсна и калорична храна, храна која изобилува само со јаглени хидрати итн., ќе бидете поблиску до чекор да ја постигнете целта. Во дневното мени вклучете повеќе овошје и зеленчук, житарици од цело зрно, риба, растителни влакна, протеини и здрави масти. Елиминирајте ги заситените и транс мастите, храната со додаден шеќер, како и процесираната храна. Освен што ги покачуваат килограмите, овие намирници го зголемуваат и ризикот од хронични болести.

Водете дневник на исхрана

Себенабљудувањето е клучен фактор за успешно слабеење. Како да следите што јадете и како се намалува телесната маса? – Земете тетратка или лист од хартија и запишувајте што и колку јадете. Еднаш неделно мерете ја телесната маса и запишете ја. Нутриционистите сметаат дека оние лица кои водат дневник на исхрана и редовно ја запишуваат промената на телесната маса имаат поголем напредок од оние кои не го прават тоа.  А ние од тимот на sezahrana.mk, од искуство можеме да го потврдиме тоа, па советуваме, пробајте!

Бидете физички активни

Редовното вежбање е од витална важност и за физичкото и за менталното здравје. Физичката активност го поттикнува согорувањето на масти и на тој начин помага во намалување на килограмите. Еден час умерена физичка активност секој ден ќе ви биде од голема корист. Се препорачува пешачење, умерено трчање, возење велосипед, пливање и слично. Најпрвин започнете со полесни вежби со пократко времетраење и постепено зголемувајте го интензитетот. Ова е особено важно за оние кои претходно не биле физички активни. Ако имате некој здравствен проблем, пред да започнете со било какви вежби, консултирајте се со вашиот лекар.

Побарајте поддршка

Помошта и поддршката од најблиските роднини и пријатели игра значајна улога во процесот на намалување на килограмите. Саканите може да влијаат позитивно врз вашата психичка стабилност и одлучност во она што сте го започнале, така што секогаш ќе бидат тука за вас и кога не сте ослабеле онолку колку што сте очекувале, како и кога сте ја постигнале целта. Не плашете се да им се обратите и понудете и им нив да се хранат поздраво и да вежбаат. Исто така, поддршка може да најдете и на социјалните мрежи, на денешно време има активни групи за разни режими на исхрана и може да се каже дека се „добар хранител“ на мотивацијата.

Бидете трпеливи и останете позитивни

Слабеењето не се одвива одеднаш, туку постепено и не оди секогаш во посакувана насока. Најважно е да не се разочарувате ако не ги намалувате килограмите онака како што очекувате. Успешното слабеење бара истрајност, трпение и позитивен став дури и кога не добивате резултати. Не се откажувајте при првата пречка и продолжете со позитивноста, само така ќе успеете.

Во исхраната вметнете инулин – пребиотичко влакно кое го намалува апетитот

Инулинот е природна состојка која во последно време добива особено внимание. Некои истражувања покажале дека ова растворливо влакно освен што го подобрува целокупното здравје, значително помага за слабеење. Инулинот го намалува апетитот и на тој начин спречува прејадување и зголемување на килограмите. Во процесот на слабеење е важна контролата на апетитот, а за инулинот се покажало дека успешно го намалува апетитот ако се зема пред јадење. Освен тоа, инулинот помага и во намалување на мастите околу црниот дроб и ја подобрува неговата функција. Инулинот ги намалува воспаленијата, штити од срцеви болести и го намалува нивото на шеќер во крвта – погоден е за дијабетичари.

Инулинот не се апсорбира во цревата и делува како пребиотик хранејќи ја цревната микрофлора. Неговата енергетска вредност е 1,5 килокалории на грам. Може да се сретне во растителната храна:

  • банана
  • лук
  • кромид
  • аспарагус
  • цикорија
  • праз.

За максимално искористување на ефектите на инулинот, се препорачува да се внесуваат 8-10 грама дневно што е тешко да се постигне преку исхраната. Затоа, се препорачува да се зема инулин во вид на додаток на исхранатаКако додаток на исхраната, наш избор е Inulin од NOW. NOW Inulin помага да се одржи здравјето и функцијата на цревата. Има пријатен вкус кој дава блага сладост на храната и пијалоците, но има многу низок гликемичен индекс и нема негативно влијание на серумските нивоа на гликоза. Дополнително, NOW Inulin го препорачуваме затоа што е:

  • сертифицирано органски
  • чист прашок
  • пребиотска дигестивна поддршка
  • ги храни добрите бактерии
  • од сина агава.

Земете 1 мала лажица инулин, 1 до 3 пати дневно. Измешајте го во вашиот омилен пијалок или храна. Започнете со 1 лажичка дневно и постепено зголемувајте ја дозата за да се избегне гастро-интестинална непријатност.

инулин за полесо слабеење

Побрзајте и искористете го попустот на инулинот. Нарачајте го плус со бесплатна достава преку онлајн продавницата на Тримекс. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: Инулин за подобро варење и баланс на микрофлората во цревата.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: