„Храната нека ви биде лек, а лекот е вашата храна!“– Ова се познатите зборови на античкиот грчки лекар Хипократ, често нарекуван татко на западната медицина. Тој всушност препишувал лук за лекување на разни медицински состојби. Тоа е така бидејќи неговите лековити својства се многубројни и силни и поволно влијаат врз целокупното здравје.
Силен имунитет е основен предуслов за здравјето на човекот, како и за долг и квалитетен живот. Ако е ослабена активноста на имунолошкиот систем, поподложни сме на разни инфекции, а неговата зголемена активност значи предиспозиција за алергии и таканаречените автоимуни заболувања. Оттука и нашата мотивација да ве потсетиме и да ви сервираме нови информации и препораки, за кои упатуваме благодарност до Д-р Нела Деспотовска која секогаш ни е на располагање и поддршка.
Неколку корисни совети од dm drogerie markt во соработка со нутриционистката Симона Коруновска
Сите сме почувствувале на своја кожа дека нашиот имунитет опаѓа во студените зимски месеци, кога се распространети настинки, грипови и други вируси, што значи дека ни е потребна помош во борбата со инфекциите. Со цел да сподели знаења и искуства кои би придонеле подобро да се чувствувате во вакви ситуации, dm drogerie markt почна соработка со нутриционистката Симона Коруновска. Заедно со неа, во следниот период ќе споделуваме практични и корисни совети со коишто, се надеваме, ќе ви помогнеме да го зајакнете имунитетот и полесно да се справите со вирусите.
Дали сте слушнале за витамин К2? Дали знаете за што е важен? – Овој моќен нутриент има есенцијална улога и е од суштинско значење за човековото здравје. Витаминот К уште се нарекува и антихеморагичен витамин и витамин на долговечноста. А зошто е тоа така ви откриваме во продолжение на текстот.
Сигурно имаш слушнато дека растителните влакна се корисни за здравјето. Но, дали знаеш што се бета-глукани? Бета-глуканите припаѓаат во групата растворливи диетални влакна, односно полисахариди. Последните години бела-гуканите стануваат тренд во алтернативната медицина и многу доктори започнуваат да ги препорачуваат на пациентите при различни состојби како настинки, грип, респираторни инфекции, за зајакнување на имунитетот… На оваа тема поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска и ја прашавме зошто бета-глуканите се препорачуваат во есен.
Речиси секој ден дознаваме нови информации за влијанието на исхраната врз здравјето на луѓето. Бидејќи ова прашање е од исклучително значење за сите нас, малку истражувавме и ви ги откриваме најчестите митови за храната.
Веројатно сте го слушнале изразот „биолошки часовник“. Тоа е всушност фраза што означува период на живот од зрелост до менопауза, кога ќе исчезне менструалниот циклус. Но, пред менопаузата, една жена поминува низ преоден период познат како перименопауза.
Без разлика дали сте пушач или не, на вашите бели дробови повремено им е потребна детоксикација. Воздухот, особено ако живеете во град е заситен со загадувачи, индустриски чад и издувни гасови од автомобилите. Таквите загадувачи предизвикуваат оштетувања на плуќата, кои со тек на време може да доведат до хронична опструктивна белодробна болест. Откако ќе бидат вдишани токсините, тие се лепат на ѕидовите на белите дробови и ја намалуваат нивната еластичност. Во воздухот кој го дишете на отворен и затворен простор освен прашина, може да бидат пристувни и честички на жива, арсен, олово, бензен, диоксини… Сите овие штетни состојки, еднаш кога ќе стигнат до респираторниот систем го нарушуваат и физичкото и менталното здравје. Освен тоа, кога белите дробови ќе се наполнат со токсини, нивната способност на ширење при двишување значајно е ограничена, што значи дека и дотокот на кислород е намален. Ве советуваме повремено, барем еднаш годишно да спроведите детокс и да ги исчистите белите дробови од вишокот слуз и токсини како би можеле непречено да ја вршат својата функција. Ви препорачуваме неколку дена со ред да консумирате напиток на база на јаболков оцет.
Дали знаете дека нашиот мозок постојано се менува? – Тоа е единствената константа на најкомплексниот орган кој го контролира секој дел од телото. Не го гледаме, но и тоа како треба да го негуваме! За таа цел и по повод светскиот ден за здравјето на мозокот, 22-ри јули, истражувавме и споделуваме неколку важни совети за подобро здравје на мозокот, кои секому ќе му бидат од полза.
Многумина сме слушнале, но дали знаеме доволно? – Веројатно не, освен ако сме немале проблем ние или некој наш близок. Па, по повод 28-ми јули, светскиот ден на хепатитисот направивме мало истражување. Од истражувањето дознавме дека според СЗО, моменталниот број на лица со хепатитис Б и Ц е 354 милиони на глобално ниво. Овој податок ни беше доволен поттик за да ја прашаме Д-р Нела Деспотовска подетално за ова заболување и да споделиме со вас поважни извадоци од разговорот. Ви откриваме кои типови постојат, како да ја препознаете болеста и што може да се направи.
Колку често уживате во чоколадо? Многумина се одрекуваат од чоколадото, мислејќи дека тоа е нездрава храна. Но, не се сите чоколада исти. Денес ви откриваме 5 причини зошто темното чоколадо е добро за здравјето на жената.
Велигденските празници завршија, па време е да се вратиме на старите добри навики. Дали овој период се препорачува детоксикација на телото? Што помага при детокс? – Издвој 1 минута, реши го квизот и откриј колку знаеш.
Пролетта е убава, но исто така е и период од годината кога голем број од нас ги измачуваат сезонските алергии. Со ослободувањето на поленот од растенијата, милиони луѓе почнуваат да киваат, што е еден од првите и најчести симптоми. Бидејќи сите сме со различни потреби и карактеристики не можеме да ви дадеме посебен лек кој ќе ви помогне, но затоа пак, можеме да ве посоветуваме да преземете неколку чекори за да ги намалите и да си ги олесните симптомите. Побаравме помош од Д-р Нела Деспотовска, па во продолжение споделуваме неколку корисни совети и препораки за како да се справите со пролетните алергии.
Секој љубител на чај ќе каже дека ужива во шолја топол пијалок со добра книга, музика, филм или разговор. Но, сите знаеме дека чајот освен што не загрева, има и исклучително корисно дејство. Секој вид на чај има свое влијание врз нашето здравје, а денес ви откриваме кои се здравствените придобивки од консумирање на чај од кромид.
Сигурно сите сте слушнале за цинк, a дали знаете за што всушност е важен овој минерал? – Цинкот и неговата важност се откриени уште во 18-тиот век. Тој е еден од минералите кои учествуваат во бројни процеси и функции во телото. Претставува составна компонента е на инсулинот и го поттикнува неговото лачење, значаен е за половите хормони и многу ензими. Потребен е за коските и мускулите, простатата, црниот дроб, еритроцитите и леукоцитите. А, на кој начин овој минерал го одржува нашиот имунитет и влијае врз здравјето на кожата ни открива Д-р Нела Деспотовска. Во продолжение ги споделуваме нејзините совети.