намирници за подобро варење на храната

Топ 5 намирници за подобро варење и здравје на цревата – совети од д-р Нела Деспотовска

Здравјето започнува од цревата – ова не е само популарна изрека, туку научно потврдена вистина. Нашиот дигестивен систем е дом на милијарди бактерии, познати како микробиом, кои директно влијаат на имунитетот, енергијата и расположението.

Како што советува д-р Нела Деспотовска, „кога цревата функционираат правилно, целото тело работи подобро“. Кои намирници треба почесто да ги консумираме и кои суплементи можат да помогнат за подобро варење и здравје на цревата? Дознај во текстот што следува.

здравје на цревата

Топ 5 намирници за подобро варење и здравје на цревата

1. Јогурт

Јогуртот е богат со пробиотици – „добри бактерии“ кои помагаат во балансот на цревната флора. Редовното консумирање може да помогне при надуеност и неправилна столица.

2. Кисела зелка

Традиционална на нашите простори, киселата зелка е природен извор на ферментирани бактерии. Корисна е за обновување на цревната флора по антибиотска терапија.

3. Банани

Бананите содржат растителни влакна кои го поттикнуваат варењето и ја хранат корисната микрофлора. Идеални се за лица со чувствителен желудник.

4. Овес

Овесот е богат со растворливи влакна кои го регулираат варењето и го намалуваат чувството на тежина. Вклучете го за појадок во овесна каша, смути или печива.

6 причини зa секој ден да го започнете со појадок од овес 2

5. Лук

Лукот делува како природен пребиотик – го поттикнува растот на добрите бактерии во цревата. Покрај тоа, има и антимикробни својства.

Кои суплементи се препорачуваат за подобро варење?

Пробиотици

Најчесто препорачувани за подобрување на балансот во цревата. Помагаат кај надуеност, дијареја и по терапија со антибиотици.

Препорачани производи:

Прочитај Д-р Нела Деспотовска советува: Што треба да знаете при изборот на пробиотици?

Пребиотици

Служат како „храна“ за добрите бактерии. Често се комбинираат со пробиотици за подобар ефект. Препорачуваме:

инулин, магнезиум цитрат

Дознај повеќе инулин за подобро варење и баланс на микрофлората во цревата.

Магнезиум

Магнезиумот може да помогне кај запек и опуштање на дигестивниот тракт. За запек, не сите форми на магнезиум делуваат исто — некои имаат директен ефект врз варењето, други не. Препорака:

Магнезиум цитрат

  • Делува како осмотски лаксатив
  • Ја омекнува столицата
  • Дава брз ефект (неколку часа до 1 ден)

Достапен е во форма на меки капсули и таблети. 

Може да те интересира: Д-р Нела Деспотовска советува: 5 знаци дека ви е потребен магнезиум.

Дигестивни ензими

Корисни кај луѓе кои имаат проблем со варење на одредени намирници (особено тешка храна). Препорачуваме:

  • Gluten Digest – помага во дигестијата на глутенот.
  • Betaine HCl – дополнителен извор на HCl за луѓе кои имаат недостаток на производство на стомачна киселина.
  • Bromelain – има протеински дигестивни својства.

Споменатите додатоци може да ги набавите во поголемите аптеки и онлајн преку vitamini.mk.

Совети од д-р Нела Деспотовска

  • Јади полека и џвакај добро
  • Пиј доволно вода
  • Намали преработена храна
  • Вклучи физичка активност

Малите навики прават најголема разлика – започни со мали промени уште денес.

Текстот е овозможен од vitamini.mk

Сподели: