габа против висок притисок

ГАБА може да помогне за намалување на крвниот пристисок – препораки од Д-р Нела Деспотовска

Што е ГАБА? Како помaга за намалување на крвниот притисок? За што друго може да се користи? – Продолжи со читање и дознај ги препораките од Д-р Нела Деспотовска. Гама-аминобутирната киселина (ГАБА) е неуротрансмитер кој помага за пренесување на пораките помеѓу мозокот и нервниот систем. Потенцијалните придобивки од ГАБА се намалување на крвниот притисок, намалување на мускулните спазми и подобрување на расположението.

Мозокот содржи повеќе неуротрансмитери кои поттикнуваат или инхибираат специфични реакции во телото. ГАБА го смирува нервниот систем, така што ја превенира трансмисијата на одредени сигнали.  

Покачен крвен пристисок ГАБА

ГАБА се наоѓа во растенијата, животните и микрооганизмите. Човековото тело ја произведува, а исто така е присутна и во некои намирници. Ја има во состав на лекарства и суплементи кои се користат за зголемување на количината на ГАБА во организмот. 

Можни придобивки од ГАБА

Во 2020 година, некои истражувања ја опишале ГАБА како биоактивен агенс, кој има бројни придобивки како:

  • Антидепресив
  • Седатив
  • Антихипертензив – има можност за намалување на крвниот притисок
  • Антидијабетик
  • Антиканцер
  • Засилувач на имуниот систем.

Друга анализа вели дека ГАБА има антимикробни, антивоспалителни и антиоксидантни карактеристики и може да помогне за третман и превенција на некои состојби како што се:

  • Дијабетес 
  • Висок крвен притисок
  • Несоница.

ГАБА може да помогне за контрола на високиот крвен притисок

Благодарение на нејзините својства, ГАБА може да помогне за стабилизација на крвниот притисок кај лицата со хипертензија. Високиот крвен притисок мора да се регулира затоа што го зголемува ризикот од срцев удар, мозочен удар и срцева слабост. 

Една студија го истражувала ефектот на ГАБА за намалување на крвниот притисок кај лица кај кои била дијагностицирана хипертензија. Учесниците земале различни дози на ГАБА и бил мониториран нивниот крвен притисок во период од осум недели. Кај пациентите кај кои земале 80 мг ГАБА на ден, било забележано значително опаѓање на крвниот притисок. Резултатите од оваа студија уште еднаш го потврдиле позитивниот ефект на ГАБА како природен додаток во исхраната. 

Покачен крвен притисок ГАБА

Дали ГАБА ја има кај нас? Од каде може да се набави? 

Ако и вие, се соочувате со блага хипертензија, можеме да ви препорачаме да набавите квалитетен GABA суплемент, произведен од Now Foods. Може да го побарате во поголемите аптеки или на онлајн продавницата на vitamini.mk. Повеќе информации за придобивките и начинот на користење на GABA, прочитајте на веб страницата на vitamini.mk, од каде што може и да ja нарачате. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ја Д-р Нела Деспотовска, на телефонскиот број 02/32 46 000 или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Совет плус: Пред да се одлучите да земите ГАБА ве замолуваме да се консултирате со вашиот доктор.

Може да те интересира: Со GABA неуротрансмитерот до 7 придобивки за здравјето.

*Текстот е овозможен од @vitamini.mk.

Сподели: