Грижата за сопственото тело треба да биде приоритет за секоја жена! Но, сведоци сме дека честопати жените го занемаруваат тоа, не обрнувајќи внимание на сигналите што им ги испраќа телото. Затоа, од особена важност се редовните прегледи со цел да се преземат чекори за да се заштиме од инфекции и повреди и да се спречат одредени долгорочни здравствени проблеми. Па, без разлика дали веќе планирате семејство или сѐ уште не сте размислувале за тоа, ви препорачуваме активен живот, здрав начин на исхрана, помалку штетни навики и редовна посета на гинеколог. Во продолжение, ви откриваме 6 лесни начини за поддршка на здравјето на матката и зголемена плодност.
