Секоја година во зимскиот период се соочуваме со голема загаденост на воздухот низ целата држава. Причините за тоа се многубројни, а мерките не ги даваат посакуваните резултати. А дали знаеш дека загадувањето на воздухот влијае на здравјето? Како може да си помогнеме и да ги намалиме штетните ефекти врз здравјето? – На оваа тема поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска.
Кои се препораките на докторите на оваа тема? – Продолжи со читање и дознај како може да си го подобриш здравјето.

Загадениот воздух е поврзан со респираторни проблеми, кардиоваскуларни заболувања, а влијае и на менталното здравје
Во ладните месеци, респираторните проблеми се почести. Причините може да бидат вируси, бактерии, како и загадениот воздух. Загадениот воздух може да предизвика:
- Кашлање
- Кивање
- Отежнато дишење и астма, особено кај лица со веќе постоечки респираторни заболувања.
Покрај тоа, се зголемува и ризикот од инфекции на горните и долните дишни патишта.
Загадениот воздух негативно влијае на здравјето на кардиоваскуларниот систем
Долготрајната изложеност на загаден воздух е поврзана со зголемен ризик од кардиоваскуларни проблеми. ПМ 2.5 честитките предизвикуваат стеснување на крвните садови, а тоа може да доведе до покачен крвен притисок и нарушување на срцевиот ритам.
Ризикот од когнитивни нарушувања се зголемува при изложеност на загаден воздух
Загадениот воздух негативно влијае и врз менталното здравје. Се намалуваат когнитивните функции, а се забележуваат и зголемување на невролошките проблеми.
Покрај тоа, загадувањето е поврзано и со зголемен ризик од карцниом на белите дробови, проблеми со кожата и дигестивниот тракт.
Како да си помогнеме и да ги намалиме штетните ефекти од загадениот воздух?
Како поединци малку може да влијаеме за да се намали загадувањето, но можеме да примениме некои корисни совети кои ќе ги намалат штетните ефекти.
Водете здрав начин на живот
И во зимските месеци хранете се здраво. Исхраната богата со антиоксиданси, витамини (особено витамин Ц) и минерали може да помогне во намалувањето на штетите од загадениот воздух. Вклучете спирулина, омега-3 масни киселини, витамини од групата Б, како и витамин Ц.
Спирулина – супер храна за добро здравје во зимските месеци
Спирулината е богата со антиоксиданти, кои помагаат во заштитата на клетките од оксидативниот стрес предизвикан од загадувачите во воздухот. Истовремено го зајакнува имунитетот, а помага и при детоксикација. Ја подобрува функцијата на белите дробови и може да ги ублажи симптомите поврзани со респираторните проблеми предизвикани од загадениот воздух.
Разгледај ги достапните пакувања и нарачај спирулина со попуст преку vitamini.mk.

AlphaSorb-C (витамин Ц)
AlphaSorb-C е моќен антиоксидант. Метаболитите на AlphaSorb-C ја зголемуваат ефикасноста на витаминот Ц, го зголемуваат степенот на искористливост на витаминот Ц во однос на стандардниот витамин Ц, што е многу значајно во процесот на детоксикација.
Придобивки од AlphaSorb-C:
- Најдобар извор на некиселинска форма на витамин Ц.
- 4 пати поголема апсорпција од обичниот витамин Ц
- 300% поголема биорасположливост.
Витамини од групата Б
Истражувањата покажуваат дека витамините од Б групата, особено Б6 и Б12, можат да помогнат во заштитата од негативните ефекти на загадениот воздух. Ги препорачуваме:
P-5-P (пиридоксал-5-фосфат) претставува супериорна активна форма на витамин Б6 (пиридоксин), чија конверзија настанува во црниот дроб. Лесно се апсорбира од телото и почнува да делува речиси веднаш штом ќе се внесе.
Methyl B-12 – Метилкобаламинот е ко-ензимска форма на витаминот Б-12 која се покажа дека е особено важма во одржувањето на здрав нервен систем. Овие два витамини имаат повеќе полезности:
- Придонесуваат за нормален енергетски метаболизам
- Придонесуваат за нормална функција на имунолошкиот систем
- Придонесуваат за намалување на заморот и исцрпеноста.
Омега-3 масни киселини
Омега-3 масните киселини можат да помогнат во намалувањето на воспалението и поддршка на здравјето на респираторниот систем. Ги препорачуваме Омега-3 – концентратот од природно рибино масло на NOW. Концентратот од природно рибино масло на NOW е произведен под строги стандарди за контрола на квалитетот. Тестиран е дека не содржи штетни нивоа на загадувачи (жива, тешки метали, диоксини и др).

Повеќе информации за споменатите додатоци прочитајте на веб страницата на vitamini.mk, од каде што може да ги нарачате.
Користете апликации и следете го загадувањето на воздухот
Инсталирајте апликации кои ќе ви помогнат за да знаете дали воздухот во одреден период е загаден или не.
Носете заштитни маски кога нивото на загадување е високо
Ако е неопходно да излезете, кога нивото на загадување е високо, задолжително носете заштитни маски (N95 или N99). Маската ќе ви помогне за да се намали изложеноста на штетните честички.
Избегнувајте активности на отворено
Избегнувајте прошетки и физичка активност на отворено кога воздухот е многу загаден.
Користете прочистувачи на воздух
Доколку сте во можност, набавете прочистувач на воздух и поставете го во вашиот дом. Прочистувачот ќе ви помогне за да го подобрите квалитетот на внатрешниот воздух.
Следете ги препораките и останате во добро здравје и во зимските месеци!
Може да те интересира: 8 едноставни совети за силен имунитет во зима.
*Текстот е овозможен од vitamini.mk
