8 едноставни совети за силен имунитет во зима

8 едноставни совети за силен имунитет во зима

Знаете ли дека е можно да го одржите и засилите имунитетот и во зима? – Има многу што да се направи! Зимата не мора да биде сезона во која што мора да седите дома и ќе се борите со настинки. Ако сите ние, сме добро едуцирани и го обезбедиме оптималното функционирање на телото работејќи на одбранбениот систем, пред нас ќе биде одлична сезона. Истражувавме, а и поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска и имаме неколку супер едноставни совети за силен имунитет во зима!

Зимата може да биде прекрасен период од годината, ако се чуваме добро. Читајте до крај, а потоа, применете ги советите и уживајте во придобивките од нив.

8 едноставни совети за силен имунитет во зима

Намалете ја количината на шеќери во исхраната

Преголема количина на шеќер во телото прави супресија на имуниот систем, односно ја потиснува способноста на белите крвни клетки – леукоцитите, да се борат со страните бактерии и инфекциите. Така што, прв едноставен и важен совет е да кажете „НЕ“ или барем значително да ги ограничите слатките уживања.

Облекувајте се топло и во слоеви кога е променливо времето

Есенските месеци се карактеризираат со променливо време и непредвидливи услови, а може да се каже дека истото се случува и во период од зимата. Затоа, важен едноставен совет е да се облекувате во слоеви. На овој начин, лесно може да го регулирате со чувството на жешко или ладно, како и да му помогнете на телото добро да се справува во секакви временски услови и да се брани соодветно.    

Јадете намирници кои поттикнуваат затоплување на телото

Кога надвор е ладно, топлете го телото одвнатре. Консумирајте намирници кои што го поддржуваат имуниот систем, како што се куркума, ѓумбир, лук, црн пипер, цимет, каранфилче, секогаш кога можете. Подготвувајте домашни пилешки супи кои изобилуваат со лук и куркума, додајте црн пипер и уживајте во придобивките подоцна.

Бидете физички активни најмалку 3 пати неделно

Оваа препорака е многу лесно применлива, само треба малку да се ангажирате. Облечете се соодветно и излезете на пешачење, запишете се на пилатес, јога или во фитнес центар или вежбајте дома. Што и да изберете, важно е да го размрдате телото, да проциркулира крвта, а и да се испотите. Преку потењето се отстрануваат нечистотиите од кожата и се исфрлаат токсините, што е оддлична поддршка на имуниот систем. Притоа, не заборавајте да останете добро хидрирани.

Контролирајте го нивото на стрес

Во врска со оваа тема постојат многу истражувања, а и постојано се прават нови. Секое од нив, се повеќе упатува на тоа дека емоционалниот стрес има големо влијание во намалување на имунитетот. Работете на него пред да стане претерано изразен и да ве „консумира“. 

Земајте додатоци во исхраната за подобар имунитет

Постојат различни препарати кои може да ви помогнат во зачувување на зимскиот имунитет. Покрај сите други совети кои ги разработивме, важно е да знаете добро да одберете и да знаете што е најефективно. Тука се обративме за помош до нашата докторка соработник, Д-р Нела Деспотовска и ги споделуваме нејзините препораки:

  • Beta-1,3/1,6-D-Glucan.  NOW Beta-1,3 / 1,6-D-Glucan (Бета-Глукан) е биоактивен јаглехидрат добиен од клетoчниот ѕид на Saccharomyces cerevisiae, познат како квасец. Научните студии покажуваат дека Бета-Глуканот добиен од квасец може да влијае на одредени имунолошки клетки, вклучително и оние присутни во лимфоидот поврзан со цревните ткива (GALT). GALT постои во дигестивниот тракт и е познато дека игра клучна улога во функцијата на здрав имунолошки систем.  NOW Beta-1,3 / 1,6-D-Glucan се препорачува затоа што: го поддржува имунолошкиот систем и нормалната активност на имуните клетки, го јакне имунитетот, штити од настинки и грип, ги олеснува респораторните инфекции и помага при алергиски ринитис.
силен имунитет
  • Hawaiian Spirulina. Спирулината е вид на сино зелена алга која расте во морињата и океаните, а ако ја применувате повремено, одлична е за јакнење на имунитетот. Богата е со витамини и други важни хранливи состојки, а претставува и комплетен протеин, што значи дека ги содржи сите есенцијални аминокиселини. Токму затоа, спирулината се нарекува суперхрана! – Таа е најдобар природен извор на биолошко железо и селен, има 3 пати повеќе витамин Е отколку пченичните ‘ркулци, има 65% лесно сварлив комплетен протеин со сите есенцијални аминокиселини во совршена рамнотежа, содржи витамини од групата Б, особено Б-12, Б-1 (тиамин) и Б-3 (ниацин), е најбогат извор на Гама линоленска киселина во природен облик, содржи 10 пати повеќе калциум од млекото и нема маснотии. На кратко, од неа може да имате само корист. Hawaiian Spirulina ја има во сите поголеми аптеки во Македонија и тоа во пакувања со различни големини, од 100 таблети, 200 таблети и 400 таблети од 500 мг или во форма на прав.
  • AlphaSorb-C. Ова е една од најдобрите достапни форми на пазарот. AlphaSorb-C од NOW Foods е супериорна киселинска форма на витамин Ц и има до 4 пати поголема апсорпција од обичниот витамин Ц.  А, витаминот Ц е познат како антиоксиданс кој може да ги заштити клетките и молекулите на телото од оштетување од слободните радикали. Има големи позитивни ефекти при: настинка, грип, инфекции, алергии, помага во детоксикација, создавање и стабилизирање на колагенот, ги елиминира слободните радикали и ги штити клетките од оксидација.

Предложените додатоци може да ги купите и повеќе да прочитате од онлајн продавницата на Тримекс, или ако ги посетите поголемите аптеки. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Пијте многу течности и јадење што поразновидни овошја и зеленчуци

Кога зборуваме за течности, посебно да ставиме фокус дека тоа треба да биде вода, природни сокови, домашни супи, чаеви и слично. Сите тие му помагаат на телото многу полесно да справи со вирусите и настинките. Во однос на исхраната, сезонските намирници секогаш треба да имаат предност, а посебно намирниците богати со антиоксиданси и витамини (јадете што повеќе сурова храна – овошја и салати).

Одморајте се секогаш кога чувствувате потреба

Денешниот начин на живот е толку брз, што забораваме да застанеме. Дајте си време, издишете, одморете, преспијте и дајте му на телото шанса да се опорави и заздрави. Мали паузи, прават големи промени и се значајни за здравјето на долг рок.

Автор на текст: Катерина Шамбевска Спасеновска, @katerina.shambevska.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 здрави оброци за јакнење на имунитетот.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: