оброци за јакнење на имунитетот 1

5 здрави оброци за јакнење на имунитетот

Силниот имунитет е важен за време на настинки и грип, како и преку целата година. За одржување на имунитетот и јакнење на истиот, покрај квалитетен сон, внес на доволно течности, редовна физичка активност и хигиена, важна е и исхраната. А, ние имаме предлози кои се и тоа како корисни. Ако не знаете што да појадувате или да понесете на работа, ви предлагаме неколку идеи за оброци за јакнење на имунитетот.

Исхраната која помага во зајакнување на имунитетот треба да содржи витамини, минерали, пробиотици и антиоксиданси. А, рецептите кои ви ги предлагаме ги содржат токму најважните нутриенти за подобрување на здравјето.

оброци за јакнење на имунитетот 2

Може да ве интересира: Најдобрите хранливи состојки за јакнење на имунитетот.

Овошна салата со цитрусно овошје и јогурт

Направете вкусна овошна салата од цитрусно овошје: портокал, мандарина или грејпфрут, додајте малку јогурт или кисело млеко по избор, збогатете ја со јаткасти плодови, семиња и мед. Цитрусното овошје е богато со витамин Ц. Витаминот Ц е важен нутриент кој го поддржува имунитетот и учествува во формирање на белите крвни зрнца (леукоцити) кои се борат против инфекции. Јогуртот содржи витамин Д и пробиотици, а пробиотиците го подобруваат варењето на храната. Јаткастите плодови и семињата кои се ставаат во салатата се богати во витамин Е и омега 3 масни киселини. По желба додајте мед кој има силни антивоспалителни својства и е богат со антиоксиданси. За подобрување на вкусот може да ставите малку екстракт од ванила, како и цимет во прав.

Салата со јајца, авокадо и зелен зеленчук

Оваа салата е она што ви треба за убав почеток на денот. Богата е со фитонутриенти, каротеноиди и хлорофил од зелениот зеленчук, како и здрави масти кои потекнуваат од авокадото. Сварете ги јајцата, излупете ги и додајте го зеленчукот. Од зелениот зеленчук може да користите брокула, спанаќ, рукола, магдонос и свеж копар. Зачинете со сол и црн пипер и додајте маслиново масло. По желба додајте карфиол во салатата, кој е богат со витамин Ц.

Пилешко месо со ориз

Можеби не мислите дека пилешкото месо е храна која го помага имунитетот, но всушност е токму спротивното. Пилешкото месо содржи 1/3 од дневните потреби за витамин Б6. А, витаминот Б6 е клучен витамин во формирањето на црвени крвни зрнца кои се важни за силен имунитет. Пилешкото со ориз и зеленчук содржи и витамин А, Б витамини, железо и калциум, сите важни за имунитетот. Овој оброк е богат со протеини. Додајте спанаќ, зачини по желба и сушени домати и добивате супер здрав ручек за целото семејство.

Вегетаријанско кари со наут

Овој рецепт се прави од состојки кои се богати со витамините А и Ц. Совршена комбинација на моркови, брокула, карфиол и наут. Исто така, може да се додаде и куркума, кари и ѓумбир за подобар вкус – сите тие имаат антиинфламаторни својства. Во тенџере ставете наут од конзерва, замрзнат зеленчук, пиперки, 425 мл кокосово масло и оставете да крчкаат додека се загреат. Во друго тенџере сварете интегрален ориз. Зеленчукот ставете го врз оризот и послужете.

Смуди од банана и спирулина

Едноставно, лесно, а здраво и нутритивно богато смуди. Ви треба само 1 банана, спирулина и растително млеко по желба. Бананата исечкајте ја на кругови и ставете ја во чаша од блендер. Додајте 250 мл растително млеко и 1 мала лажичка спирулина во прав. Блендирајте ги состојките додека да добиете хомогена смеса. По желба може да додадете мед или јаворов сируп или да го збогатите со бобинкасто овошје (свежо или замрзнато), јаткасти плодови и чиа семе.

Наша препорака:

За подготовка на овој оброк користете Hawaiian Spirulina. Зошто ја препорачуваме токму Hawaiian Spirulina? – Затоа што Hawaiian Spirulina содржи извонредна комбинација на преку 100 важни хранливи состојки. Тие се во својата изворна форма, без додатоци. Спирулината во прав е идеална за сите оние кои сакаат целосен прехранбен додаток наместо вештачки извори на храна.

Hawaiian Spirulina се нарекува суперхрана за сите возрасти затоа што:

  • е најдобар природен извор на биолошко железо
  • има 35 пати поголема концентрација на бета каротен од морковот
  • содржи 3 пати повеќе витамин Е отколку во пченичните ‘ркулци
  • има 65% лесно сварлив комплетен протеин со сите есенцијални амино киселини
  • богата е со витамини од групата Б, особено Б-12, Б-1 и Б-3
  • содржи 10 пати повеќе калциум од млекото
  • не содржи маснотии

Hawaiian Spirulina во прав може да ја нарачате од онлајн продавницата на Тримекс, а доставата е бесплатна. Ја има и во поголемите аптеки низ земјава. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk

спирулина во прав 2

Ви препорачуваме да прочитате: Посилен имунитет во време на корона вирус – практични совети и исхрана.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: