posni zdravi kolacinja

Брзи здрави колачиња со јаболка и суво грозје – посен рецепт со 5 состојки

Кога ти се јаде нешто благо, а немаш многу време за подготовка, овие брзи здрави колачиња се одличен избор! Се подготвуваат со само пет состојки, без брашно, јајца, млечни производи и додаден шеќер. Природно слатки од јаболката и сувото грозје, со неодолива арома на цимет и кремаста нота од кикирики.

Овој едноставен рецепт е идеален за деновите кога сакаш домашен десерт со малку состојки и без комплицирана подготовка.

брзи здрави колачиња со јаболка и суво грозје

Состојки:

Состојки за брзи здрави колачиња со суво грозје и пире од јаболка

Подготовка:

  1. Во длабок сад ставете го пирето од јаболка и кремот од кикирики. Измешајте додека добиете изедначена смеса.
  2. Додајте го циметот и кратко промешајте.
  3. Додајте ги снегулките од 4 житарици и сувото грозје. Измешајте додека сите состојки убаво се соединат.
  4. Со помош на лажица земајте од смесата и формирајте колачиња врз тава обложена со хартија за печење.
  5. Печете во претходно загреана рерна на 180 °C околу 15 минути. Оставете ги кратко да се изладат пред да ги послужите.

Погледнете ја подготовката на видеото овде: 👇 (кликнете на сликата)

Посни здрави колачиња со 5 состојки

Мал совет:

Бидејќи колачињата не содржат брашно, јајца и путер, нивната текстура е помека и покомпактна. Оставете ги да се изладат за полесно да ги извадите од тавата и да ја задржат формата.

Едноставни, вкусни и со само пет состојки – овие колачиња се уште еден доказ дека за домашен десерт не се потребни многу состојки. Зачувајте го рецептот и пробајте ги!

Уште идеи за вкусни и здрави десерти:

Ако ти се допаѓаат едноставни десерти со внимателно избрани состојки, пробај ги и овие рецепти:

За повеќе вкусни рецепти, практични совети и идеи за секојдневна исхрана, следете ме на социјалните мрежи:

посни здрави колачиња

Уживајте во подготовката и добриот вкус!

*Рецептот е овозможен од dm Makedonija.

Сподели: