печени лепчиња со лук

Печени лепчиња со лук – едноставни, ароматични и неодоливи

Понекогаш највкусните рецепти се и наједноставните. Печените лепчиња со лук се токму таков пример – крцкави однадвор, а меки одвнатре. Совршени се како прилог, брза ужинка или додаток покрај супи, салати и тестенини.

Кој не обожава печени лепчиња? Ајде во кујната и испробај го овој брз рецепт, кој лесно може да стане дел од твоите омилени.

печени лепчиња со лук

Состојки:

  • 6 – 8 парчиња бел пченичен леб од Жито Лукс
  • 3 – 4 чешниња лук
  • 60 г путер (омекнат) или 4 лажици маслиново масло (за посна верзија)
  • прстофат сол
  • ситно сечкан магдонос или оригано по желба.
печени лепчиња со лук

Подготовка:

  1. Загреј ја рерната на 180°C.
  2. Лукот ситно исецкај го или изгмечи го.
  3. Во сад измешај го путерот (или маслиновото масло) со лукот, солта и зачините.
  4. Премачкај ги парчињата леб рамномерно од едната страна.
  5. Нареди ги на плех обложен со хартија за печење.
  6. Печи 10–15 минути, додека лепчињата не добијат златна боја и крцкава кора.
  7. Послужи ги додека се топли.

Совети плус:

Рецептот е овозможен од Жито Лукс. 

Сподели: