Лесно направете крем супа од карфиол и праз! Сѐ што ви треба се неколку состојки и малку време за да подготвите супер вкусно и хранливо предјадење за целото семејство. Во оваа супа ќе уживаат сите, па дури и оние кои не обожаваат карфиол.

Речиси и да нема човек кој не знае дека лукот има голем број на здравствени придобивки. Истото е и со лутата пиперка. А, кога овие две намирници ќе се спојат, силно здравје е загарантиран резултат. Како да ги искомбинирате за максимално уживање, освен искористување на бенефитите? – Макало од лук и лут буковец е вистинскиот избор!
Ако сакате да го изненадите семејството со нов рецепт, имаме одличен предлог за вас! Со заслужена репутација на врвен производ, мекото бело сирење на Камембер е разноврсно сирење кое може да се јаде на различни начини. Овој рецепт за печено сирење со рузмарин и лук од познатиот готвач Џејми Оливер е одличен за вкусно и брзо мезе за вас и вашите пријатели.
„Идејата да ја направам оваа крем супа за силен имунитет потекна во деновите кога бев трудна и единствено на природен начин се справував и борев против настинките. А подоцна, со сите случувања и појавата на короната, премина во јадење кое многу често е на домашното мени. Вкусот е уживање и потполно ќе ве изненади, неочекувано добар! – Топло ви ја препорачувам. Ако еднаш ја пробате, знам дека ќе си ја меморирате и ќе ми кажете колку ви се допаднал рецептот.“ – започнува Катерина од нашиот тим.
Секоја вевчанска трпеза претставува максимално уживање за сите сетила. Преку вевчанската храна, а особено познатите вевчански питули, каде и да се наоѓате, ќе имате можност додека јадете, да ги почувствувате убавите моменти што ви се случиле во Вевчани. Ќе ви се вратат сликите од Вевчанскитe извори, недопрената природа и прекрасното место кое изобилува со вкусна храна, вино, добри домаќини и моменти кои ќе ги паметите вечно.
Сакате да дегустирате специјалитети кои се популарни ширум светот? – Ако одговоривте со „Да“, одвојте малку време и прочитајте го рецептот за пилешко Киев. Овој специјалитет е популарен во Русија и Украина, а често се служи во рестораните и хотелите. Иако постапката за подготовка на прв поглед може да ви се чини малку покомплицирана, сепак вреди да го пробате овој рецепт и да си дозволите неверојатно гастрономско уживање. Овој рецепт особено ќе ги воодушеви обожавателите на лук, но и на оние кои сакаат богат кремаст вкус на путер.
Сезоната на настинки и грипови е во полн ек. Иако, имунитетот е потребно да се одржува преку цела година, во овој период на имуниот систем му е потребна дополнителна помош за да се избори со бактериите и вирусите. Затоа е потребно да се внесува здрава храна, меѓу која се збројуваат и зачините. А, кои зачини за силен имунитет се препорачуваат, ви откриваме во текстот.
Со помош на маринирањето, месото добива совршена арома и текстура. Иако во продавниците може да се најдат најразлични мешавини на зачини за свинско месо, рецептот за домашна маринада е едноставен. Се состои од неколку состојки кои со сигурност ги имате во вашиот дом и што е најважно се подготвува брзо, па во комбинација со свежо месо со докажан квалитет ќе подготвите вистински специјалитет. Во продолжение дознајте што претставува маринадата, од што се состои и како правилно се користи за маринирање на свинско месо.
Ако страдате од главоболка, затнат нос или имате чувство на тежина во главата, тогаш најверојатно станува збор за воспаление на синусите. Синуситисот е непријатна здравствена состојба, за која постојат голем број на алтернативни начини кои помагаат за намалување на симптомите. Во текстот ќе прочитате 7 решенија против синуситис кои ги издвоивме.
Сигурно и вие често пати сте се запрашале кои се најдобрите зачини за подготовка на свинско месо. Одговорот на ова прашање е различен и тоа зависи од повеќе фактори како што се парчето месо, начинот на подготовка, содржината на масти во месото… Тоа беше наша мотивација да го приготвиме овој водич за избор на зачини, кој веруваме дека ќе ви биде од голема корист. Лук, рузмарин, ким… еве кои зачини ги препорачуваат врвните готвачи!